Она што се гледа и она што не се гледа: Распуштањето на армијата
Дизајн: Ѓорѓи Димитров

Она што се гледа и она што не се гледа: Распуштањето на армијата

Глава 2: Распуштањето на армијата

Со повеќе луѓе е исто како и со еден човек. Ако сака малку да се задоволи, ќе пресмета дали тоа вреди за трошокот. За една нација, безбедноста е најголемата вредност. Акo за да ја добие, потребно е да има армија од сто илјади луѓе, немам ништо против тоа. Тоа уживање е купено со жртва. Но, да не биде мојата позиција сфатена погрешно. Еден член на собранието предлага распуштање на сто илјади луѓе, со цел да се ослободат даночните обврзници од сто илјади милиони.

Ако се ограничиме на овој одговор – ,,Стоте милиони луѓе и сто милиони парични средства се неопходни за националната безбедност. Тоа е жртва без која Франција би била растргната од фракции или нападната од странски сили” – Со овој аргумент воопшто не се спротивставувам, кој може да биде точен или грешен, кој теоретски не содржи ништо што е спротивно на економијата. Грешката почнува во моментот кога се вели дека жртвата претставува предност поради нечија придобивка.

Сега, многу би грешел ако во моментот кога авторот на овој предлог седнал, а друг оратор не би станал да каже – ,,Да распуштиме сто илјади луѓе! Дали знаете што зборувате? Што ќе се случи со нив? Како ќе заработуваат? Зарем не знаете дека работата е ограничена? Дека секое поле е презаситено?  Зарем ќе им ги покажете вратите на војниците за да ја зголемат конкуренцијата и да ја намалат стапката на платите? Баш сега, кога да се живее е навистина тешко, би било убава работа ако државата мора да најде леб за сто илјади поединци? Размислете, покрај тоа што армијата троши вино, вооружување, облека – таа ја промовира активноста на производителите во градовите на гарнизонот – односно, накратко, благодет за безбројни снабудвачи. Зошто, да мора некој да се тресе од самата идеја на распуштање на ова огромна индустриска активност.”

Очигледно е дека овој дискурс завршува со гласање за одржување на сто илјади војници, поради причини како потребата од нивните услуги и економскиот ефект. Токму овој ефект е единственото нешто кое мора да го побијам.

Сто илјади луѓе кои ги чинат даночните обврзници сто милиони парични единици, живеат и им носат на снабдувачите онолку колку што сто милиони можат да понудат. Ова е тоа што се гледа.

Но, сто милиони земени од џебовите на даночните обврзници престануваат да ги издржуваат истите даночни обврзници и снабдувачите за онолку колку што сто илјади можат да купат. Ова е тоа што не се гледа. Сега, направете ги вашите пресметки. Каде е тука профитот за народните маси?

Јас ќе ви кажам каде лежи загубата; и за да упростам, наместо да зборувам за  сто илјади луѓе и сто милиони парични единици, тоа ќе биде еден човек и илјада франци.

Ќе претпоставиме дека се наоѓаме во селото А. Наредникот кој регрутира прави круг и избира еден човек. Даночниците прават круг и земаат илјада франци. Човекот и парите се однесени во Мец, каде што парите се наменети за едногодишно издржување на војникот, без тој да прави ништо. Ако погледнете во Мец, навистина сте во право – мерката е многу поволна, но ако погледнете кон селото А – поинаку ќе процените, освен ако навистина не сте многу слепи, ќе видите дека селото има изгубено еден работник, и дека илјада франци кои ќе го надеместеа неговиот труд, како и активноста која неговите трошоци од илјада франци ќе ја раширеа наоколу.

На прв поглед, изгледа дека има одредена компензација. Она што се случи во селото сега се случува во Мец и тоа е се. Но загубата треба да се пресмета на овој начин: во селото, еден човек копаше и работеше; тој беше работник. Во Мец, врти на лево и на десно – тој е војник. Парите и циркулацијата се исти во двата случаи; но во првиот имаше триста денови продуктивен труд, додека во втиорит случај имаше триста денови непродуктивен труд, претпоставувајќи дека, се разбира, дел од армијата не е неопходен за јавната безбедност.

Сега, да претпоставиме дека ќе се случи распуштање на армијата. Кажете ми дека сега ќе има вишок од сто илјади работници, кои ќе ја стимулираат конкуренцијата и ќе го намалат нивото на платите. Ова е она што го гледате.

Но она што не го гледате е следново. Вие не гледате дека распуштањето на сто илјади војници не претставува елиминирање на сто милиони парични единици, туку враќање на истите назад кон даночните обврзници.

Вие не гледате дека да се фрлат сто илјади работници на пазарот е исто како да фрлите сто милиони парчини единици потребни за да се плати нивниот труд: дека, следствено, истиот чин кој ја зголемува понудата на раце, исто така ја зголемува и побарувачката; од каде следи, вашиот страв од намалувањето на платите е неоснован. 

Вие не гледате дека, пред распуштањето, како и потоа, во државата постојат сто милиони парични единици кои кореспондираат со сто илјади луѓе. Дека целата разлика се состои во ова: пред распуштањето, државата ги даде стоте милиони на стоте илјади луѓе за неправење ништо; а потоа, ја плати истата сума за работење. Накратко, вие не гледате дека кога даночниот обврзник ги дава сопствените пари, било да е тоа на војникот за ништо, или на работник за нешто, крајниот резултат од циркулацијата на овие пари е ист во двата случаи;  само што во вториот случај, даночните обврзници добиваат нешто, додека во првиот не добиваат ништо. Резултатот е – загуба за нацијата.Софизмот со кој се борам тука нема да го преживее тестот на прогресијата, која е основата на принципите. Ако, кога ќе се изврши секоја компензација, и сите интереси се задоволени, постои нацоинален профит во зголемувањето на армијата, зошто да не ја пријавиме целата машка популација под знамето на нацијата?

Прочитатјте ги останатите глави од „Она што се гледа и она што не се гледа“ на Фредерик Бастиат:

Глава 1: Скршениот прозорец

Превoд на Frederic Bastiat – That Which is Seen, and That Which is Not Seen од англиски јазик :

Simon Sarevski

Симон Саревски
Либертаниа и Студенти за слобода