Она што се гледа и она што не се гледа: Јавни добра
Дизајн: Ѓорѓи Димитров

Она што се гледа и она што не се гледа: Јавни добра

Глава 5: Јавни добра

Откако народот ќе се увери дека фирмите ќе бидат корисни за општеството, ништо не е поприродно од барањето да се одржи нивната раобта, па и со државно мешање. Но, морам да признаам дека губам трпение кога во знак на поддршка, ќе ја чујам оваа економска грешка: ,,Тоа ќе биде начин за создавање на нови работни места.“

Државата гради патишта, палати, канали, поправа улици, и на тој начин овозможува работа за одредени работници –  ова е она што се гледа, но во исто време лишува други работници од работа – ова е она што не се гледа.

Изградбата на патот е започната. Илјада работници доаѓаат секое утро, секоја вечер си одат и добиваат плата – тоа е сигурно. Ако не беше одлучено патот да се гради, ако не беше изгласано за материјалите, овие добри луѓе немаше да имаат ниту работа ниту плата – тоа е исто така сигурно. 

Но дали е тоа се? Зарем целата операција не содржи нешто друго? Во моментот кога М. Дупин ги изговора емпатичните зборови „Собранието ги прифати,“ дали милиони се спуштаат по месечевите зраци во касите на ММ Фолд и Бино? За таа еволуција да биде целосна, како што се вели, зарем не треба државата да ги организира сметките, како и трошоците? Зарем не треба собирачите на данок и даночните обврзници да работаат, првите да собираат, а вторите да плаќаат?

Сега, проучете го прашањето во неговите два елемента. Додека тврдите дека дестинацијата која парите ја добиваат од државата е избор на гласот на милиони, не занемарувајте ја дестинацијата, која даночните обврзници ќе им ја дадеа на парите, но сега не можат. Тогаш ќе сфатите дека јавните добра се паричка со две страни. На едната е гравиран работник на работа, ова е она што се гледа; на другата страна, работник без работа, ова е она што не се гледа.

Софизмот, кој ова дело е наменето да го побие, е многу опасен кога се работи за јавни добра, со оглед на тоа што служи за оправдување на најнепосакуваните фирми и екстравангации.  Кога пруга или мост се од вистинска корист, доволно е да се спомне оваа корисност. Но ако користа не постои, која улога ја играат тие? Тогаш се прибегнува кон мистификацијата: „Ние мора да најдеме работа за овие работници.“

Соодветно на тоа, се изречени наредби, да се изгради и растури одвод во Шамп-де-Марс. Се вели дека големиот Наполеон, сметаше дека извршуваше голема и филантропска работа со копањето ровови и нивно подоцнежно полнење. Затоа вели: „Што го означува резултатот? „Сè што сакаме да видиме е ширење на богатството меѓу работничките класи.“

Но, да се вратиме на основата на проблемот. Ние сме измамени од парите. Да се принудат граѓаните на соработка за некоја заедничка работа парично изразена, всушност претставува оданочување во натура; бидејќи за својот труд секој добива сума за која е оданочен. Ако сите граѓани беа повикани и принудени заедно да извршат општо корисна работа, тоа ќе биде лесно разбирливо; нивната награда ќе бидат резултатите од извршената работа.

Но откако сте ги повикале сите заедно, и ги принудите да градат патишта кои никој нема да ги користи, палати кои никој нема да ги насели и сето тоа под изговор да им се најде работа, тоа би било апсурдно и тие би имале право да се бунат – „ако со овој труд нема што да правиме, претпочитаме да работиме за наша сметка“.

Принудувањето на граѓаните на соработка преку оданочување, но не и директно вработување, на било кој начин не ги менува општите резултати. Единствено нешто е дека загубите ќе се одразат на сите вклучени страни. Првите, кои се вработени во државата го избегнуват својот дел од загубата, на тој начин што загубата ја префлраат кон веќе претрпениот товар на нивните сограѓани.

Има член во нашиот устав кој вели: Општеството го претпочита и охрабрува развојот на трудот –  со воспоставување на јавни добра од страна на државата, одделите и парохиите, преку вработување на луѓе кои сакаат да работат.“ 

Како привремена мерка, при итни случаи, за време на лоша зима, ова мешање на државата може да биде корисно. Тоа функционира на ист начин како некое осигурување.  Мешањето не придонесува ниту на трудот, ниту на платите, но зема од трудот и платите од „нормално време“ за да им даде, со загуба, тоа е точно, во ,,тешко време.”

Како трајна, општа, систематска мерка, тоа не е ништо друго освен уништувачка мистификација, невозможност, што покажува мал, размрдан труд – ова е она што се гледа, и крие голем дел од спречениот труд – ова е она што не се гледа.

Прочитатјте ги останатите глави од „Она што се гледа и она што не се гледа“ на Фредерик Бастиат:

Глава 1: Скршениот прозорец
Глава 2: Распуштањето на армијата
Глава 3: Даноци
Глава 4: Театри иуметност

Превoд на Frederic Bastiat – That Which is Seen, and That Which is Not Seen од англиски јазик :

Simon Sarevski

Симон Саревски
Либертаниа и Студенти за слобода