Она што се гледа и она што не се гледа: Посредници
Дизајн: Ѓорѓи Димитров

Она што се гледа и она што не се гледа: Посредници

Глава 6: Посредници

Општество е збир на присилни и доброволни услуги кои луѓето ги извршуваат едни за други, односно, јавни и приватни услуги.

Првите, наметнати и регулирани со закон кој не секогаш е лесно да се промени, дури и кога е тоа посакувано, можат да ја надживеат својата корисност и сеуште да го задржат името на јавни услуги, дури и кога воопшто не се корисни и претставуват јавен немир. Вторите и припаѓат на сферата на волјата и поединечната одговорност. Секој дава и добива онолку колку што сака и може, по договор. За нив секогаш се претпоставува дека имаат вистинска корисност во точен сооднос со нивната компаративна вредност.

Ова е причината зошто првиот опис на услуги станa постојан, а вториот го почитува законот на напредокот.

Додека пренагласениот развој на јавните услуги, кој преку трошењето на потребната енергија (за нивно извршување), поттикнува кобно полтронство во општеството, е единствената работа која неколку модерни секти, кои му го припишуваат овој карактер на слободните и приватните услуги, настојуваат да ги трансформираат професиите во функции.

Овие секти жестоко се спротивставуваат на она што го нарекуваат посредници. Тие со задоволство би го потиснале капиталистот, банкарот, шпекулаторот, проектантот, трговецот, обвинувајќи го за вметнување помеѓу производството и потрошувачката, со цел да изнудат од двете страни, а да не дадат ништо за возврат. Или поточно, тие би и ја пренеле на државата работата која првите ја извршиле бидејќи оваа работа не може да биде забранета.

Софизмот на социјалистите во однос на оваа точка е тоа што на јавноста и се претставува она што им се исплаќа на посредниците во замена за нивните услуги, а се прикрива она што е потребно да и се плати на државата. Ова е честиот конфликт помеѓу она што ни е пред очи и што само умот може да го забележи; помеѓу она што се гледа и она што не се гледа.     

Токму за време на сиромаштијата од 1847 година, социјалистичките школи се обидоа и успеаја да ја популаризираат нивната кобна теорија. Тие многу добро знаеја дека најапсурднитe гледишта секогаш имаат шанса со луѓе кои страдаат;

Затоа, со помош на убавите зборови, „луѓе тргувајќи со луѓе, шпекулирајќи со глад, монопол“, тие почнаа да ја оцрнуваат трговијата и да фрлаат превез врз придобивките од истата.

„Која може да биде користа“, велат тие, „да им се остави на трговците да се грижат за увозот на храна од САД и Крим? Зошто државата, министерствата и градовите не оранизираат услуги за обезбедување и складирање (на храна)? Тие би продавале по повратна цена, а луѓето, сиромашките, ќе бидат ослободени од трошокот кој го плаќаат за бесплатната, односно, егоцентричната, индивидуалистичка и анархистичка трговија“.

Цената која ја плаќаат луѓето на трговијата е она што се гледа. Цената која би ја плаќале кон државата или нејзините агенти во социјалистичкиот систем е она што не с егледа.

Од што се состои оваа цена која луѓето и ја плаќаат на трговијата? Во следново: две страни вршат меѓусебна услуга, со целосна слобода, и под притисок на конкуренција и намалена цена.  

Кога гладниот стомак се наоѓа во Париз, а пченката која може да го задоволи во Одеса, страдањето не може да престане се додека пченката не е доведена во контакт со стомакот. Постојат три начини овој контакт да може да се случи. 1. Прегладнетите луѓе можат сами да отидат и да ја донесат пченката 2. Тие можат да ја остават оваа задача на оние на кои им припаѓа трговијата 3. Тие можат да се здружат и назначат државни чиновници за оваа функција. Која од овие три методи ја содржи најголемата предност? Секогаш, во сите земји, и колку послободни, посветени и поискусни се истите, луѓето доброволно ја избираат втората опција. Признавам дека ова е доволно, според мене, да се оправда овој избор. Не можам да верувам дека човештвото во целина се мами себеси за нешто кое го допира толку блиску. Но, сега да ја разгледаме темата.

Практично невозможно е триесет и шест милиопни граѓани да одат и ја донесат потребната пченка од Одеса. Тоа значи дека првиот пристап е неуспешен. Потрошувачите не можат да дејствуваат за себе. Тие мораат, поради потреба, да прибегнат кон посредници, државни или приватни.

Но, забележете дека првиот од овие три пристапи е најприроден. Во реалноста, гладниот човек мора да си ја донесе пченката. Тоа е задача која го засега секој човек, услуга која си ја должи на самиот себе. Ако друг човек, поради која и да е причина, ја превзема и прави оваа услуга за него, истиот има барање за компензација. Со ова сакам да кажам дека посредништвото во себе го содржи принципот на надоместок.

Како и да е, бидејќи мораме да се повикаме на она што социјалистите го нарекуваат паразит, би прашал, кој од овие двајца е вистинскиот паразит, трговецот или функционерот?

Трговија (слободна, се разбира, инаку не би можел така да ја наречам), трговијата велам, е водена од сопствените интереси да се изучуваат годишните времиња, да се даваат дневни искази за состојбата на земјоделските култури, да се добијат информации од секој дел од планетата, да се предвидат желбите, да се биде однапред претпазлив. Таа секогаш има спремни бродови, дописници насекаде; нејзин непосреден интерес е да се купи по најниска цена, да се економизираат сите детали од операциите и да се постигнат најдобрите резултатите со најмали напори. Не се само француиските трговци единствените кои се зафатени со обезбедување залихи за Франција во кризно време и ако нивните интереси неодоливо ги водат до остварување на нивната задача за најмала можна цена, конкуренцијата која ја создаваат меѓусебе ги води не помалку неодоливо да предизвикаат и потрошувачите да учествуваат во профитот на остварените заштеди. Пченката стигнува: во интерес на трговијата e да се продаде колку што е можно побрзо за да се избегне ризикот, да се повратат средствата и да се почне одново при првата можност.

Водени од споредбата на цените, трговијата ја дистрибуира храната низ целата површина на земјата, секогаш почнувајќи од највисоката цена, односно од онаму каде што побарувачката е најголема. Невозможно е да се замисли подобра организација наменета да ги задоволи интересите на оние кои се во неволја; убавината на оваа организација, незабележана како што е од страна на социјалистите, произлегува од самиот факт дека е слободна. Точно е, потрошувачот е должен да ја надомести трговијата за трошоците за превоз, товар, складирање, провизија и сл.; но може ли да се осмисли систем во кој оној кој јаде пченка нема да е должен да ги надомести трошоците, колкави и да се тие, кои му овозможиле пченката да му е на дофат? Исто така и  надоместокот за извршената услуга мора биде платен; но кога се работи за неговата големина, тој е сведен на најмало ниво поради конкуренција; а кога се работи за неговата правичност, би било многу чудно ако занаетчиите од Париз не би работеле за занаетчиите од Марсеј, кога трговците од Марсеј работат за занаетчиите од Париз.

Што ќе се случи, според социјалистичкиот изум, ако државата застане на чело на трговијата? Би сакал да бидам информиран каде ќе бидат заштедите за јавноста? Дали тие ќе бидат во цената на производите? Замислете ги делегатите на 40 000 парохии како пристигнуваат во Одеса во даден ден, како и во ден на криза: замислете го ефектот врз цените. Дали заштедите ќе бидат во трошоците? Дали помалку бродови ќе бидат потребни; помалку морнари, помалку транспорт? Или вие ќе бидете ослободени од сите овие трошоци? Дали тоа ќе бидат профитите на трговците? Дали вашите службеници одат во Одеса бесплатно? Дали тие ќе патуваат и работата на принципот на братство? Зарем тие не треба да живеат? Зарем не треба тие да се платени за нивното време? И дали вие верувате дека овие трошоци нема да ги надминат илјадници пати оние два или три проценти кои ги добива трговецот, стапката по која е спремен да работи?

А потоа разгледајте ја тешкотијата на наплатување толку многу даноци и распределбата на толку многу храна. Помислете на неправдата, на злоупотребите неразделни од едно такво претпријатие. Помислете на одговорноста со која би била оптоварена владата. 

Социјалистите кои ги измислија овие глупости, и кои, во деновите на несреќа ги вметнаа во главите на масите, си ја присвоија буквално титулата на напредни луѓе; и не е без одредена опасност обичајот, тој тиранин на јазиците, да ги овластува терминот и чувството што го вклучува. Напредни! Ова претпоставува дека овие господа можат да гледаат подалеку отколку обичните луѓе; дека нивна единствена грешка е што се премногу напредни за своето време; и ако времето сеуште не е дојдено за сузбивање на одредени слободни услуги, преправени паразити, вината треба да се припише на народот кој доцни зад социјализмот. Јас велам, од мојата душа и совест, спротивното е вистината; и не знам во кои варварски времиња треба да се вратиме ако сакаме да го најдеме нивото на социјалистичкото знаење за оваа тема. Овие модерни секташи постојано се спротивставуаат на здружувања со вистинското општество. Тие го превидуваат фактот дека општество, под слободна регулација, е вистинско здружување, далеку посупериорно отколку оние кои произлегуваат од нивната плодна имагинација.

Дозволете ми да го илустрирам ова со пример. Кога човек ќе стане наутро, пред да може да го облече палтото, земјата мора да била оградена, распарчена, исцедена, изорана и посеана со одреден вид растение; стадата мора да бидат нахранети и истрижани; оваа волна мора да била вртена, ткаена, обоена и претворена во платно; ова платно мора да било исечено, шиено и направено во облека. И оваа серија операции подразбира низа други; тоа претпоставува користење инструменти за орање и сл., бачила, бараки, јаглен, машини, вагони и сл.

Ако општеството не е вистинско и перфектно здружување, човек кој сакал палто би бил приморан да работи во самотија; тоа значи, сам да ги извршува за себе безбројните делови од оваа серија, од првиот удар со секирата до последниот убод кој ја завршува работата. Но, благодарене на дружељубивоста која е карактеристична одлика на човечкиот род, овие операции се распределни помеѓу многумина работници; и тие се дополнително поделени понатаму, за оштото добро, до степен, како што потрошувачката станува поактивна, на една единствена операција да е во состојба да поддржи нова трговија.

Потоа доаѓа и поделбата на профитите, која функционира според вредноста која секој ја допринесе во целата работа. Ако ова не е здружување, би сакал да знам што е.

Погледнете дека ниту еден од овие работници не добил ни најмала честичка на материја од ништо, тие се  ограничени од меѓусебно извршување на услуги и да си помагаат за заедничко добро, и сите да бидат земен во предвид, со почит кон останатите, посредници. Ако , на пример, за време на една операција, превозот стане доволно важен за да биде извршуван од една личност, предењето од втора, ткаењето од трета, зошто првата личност треба да се смета за паразит повеќе од другите две? Превозот мора да се изврши, зарем не? Зарем оној кој го извршува превозот не го посветува свеото време и мака? И правејќи го тоа зарем не ги поштедува своети колеги? Дали тие прават повеќе за него отколку тој за нив? Не се ли еднакво зависни за надоместок, односно за поделбата на она што е произведено, според законот за намалени цени. Не е ли со цела слобода, во име на општото добро оваа поделба на работата да се случува, која доведува до оваа спогодба?  Што тогаш сакаме од социјалист, кој под изговор да организира за нас, доаѓа деспотски да ги уништи нашите доброволни спогодби, да ја стопира поделбата на труд, да замени изолирани напори со комбинирани, и да ја врати цивилизацијата назад? Не е ли здружувањето, како што го објаснив тука, само по себе помалку здружување бидејќи секој кој влегува и излегува слободно си го одбира местото, суди и се спогодува на своја одговорност, земајќи го со себе заработеното за свој личен интерес? Дека тоа може да го заслужи ова име, потребно е реформаторот кој се преправа да дојде и да не присили на неговиот план и волја, и како што беше, да го концентрира човештвото кон себе?

Колку повеќе ги разгледуваме овие напредни школи, толку повеќе стануваме убедени дека постои само еден корен на сите нив: незнаење кое самото се прогласува тиранија во име на ова непогрешливост.Се надевам дека читателот ќе ми прости за оваа дигресија. Можеби не е целосно бескорисно, во време на рецитација  изникната од книгите на Сент-Симон, Фелонстеријани (комуна), и книгите од серијалот на Икарија кои го повикуваат печатот и трибунот, и кои сериозно им се закануваат на слободата на труд и трговските трансакции.

Прочитатјте ги останатите глави од „Она што се гледа и она што не се гледа“ на Фредерик Бастиат:

Глава 1: Скршениот прозорец
Глава 2: Распуштањето на армијата
Глава 3: Даноци
Глава 4: Театри иуметност
Глава 5: Јавни добра

Превoд на Frederic Bastiat – That Which is Seen, and That Which is Not Seen од англиски јазик :

Simon Sarevski
15011501502

Симон Саревски, 
Либертаниа и Студенти за слобода