Глава 8: Машинерија
Дизајн: Ѓорѓи Димитров

Глава 8: Машинерија

“Проклети да се машините! Секоја година, нивната растечка моќ ги лишува работниците од работа, а со тоа плата и леб, и испраќа милиони во сиромaштија. Проклети да се машините!”

Ова е поплаката крената од вулгарна предрасуда и одекнува по спијанијата.

Но да се проколнуваат машините значи да се проколнува духот на човештвото! Не можам да сфатам како некој човек може да чувствува задоволство од таква доктрина.

Бидејќи, ако таа е вистината, кои се нејзините неизбежни последици? Дека не е можна активност, просперитет, богатство, или среќа за било која личност, освен за оние кои се глупави и мрзливи, и кои Господ не им дал кобен подарок да знаат како да размислуваат, проучуваат, да комбинираат, да изумуваат, и да се стекнуваат со најголема добивка со најмали средства. Напротив, будалост, сиромаштија, изнемоштеност се неизбежни во секоја нација која бара и наоѓа во железото, огнот, ветрот, електричната енергија, магнетизмот, законоти на хемијата и механиката, или со еден збор, во силите на природата, поддршка во нивните природни моќи. Сложувајќи се со Русо, би можеле да кажеме – „ Секој човек кој мисли е лишано животно“.

Тоа не е се. Ако оваа доктрина е точна, сите луѓе мислат и изумуваат, бидејќи сите, од прв до последен, и во секој момент од нивниот живот, бараат соработка од силите на природата и се обидуваат да добијат најмногу со најмалку, или намалувајќи ја работата извршена со нивните раце или нивните трошоци, се со цел да се добие најголемото можно ниво на задоволство со најмало можно ниво на труд; мора да следи дека целото човештво брза кон пропаст со истото умствено тежнеење кон напредок, кои ги измачува сите негови членови.

Значи, треба да се даде на дознаење, преку статистика, дека жителите на Ланкашир, напуштајќи ја нивната земја на машини, бараат работа во Ирска, каде што сеуште се незнајни; и, според историјата, тоа варварство ги затемнува цивилизациските епохи, и дека цивилизацијата блеснува во време на незнаење и барбаризам.  

Очигледно е дека ова мноштво противречности, е нешто што не револтира и што не води да се сомневаме дека проблемот во себе содржи елемент на решение кое не е ослободено.

Еве ја целата мистерија: позади она што се гледа има нешто што не се гледа. Јас ќе се обидам да го изнесам на виделина. Демонстрацијата со која прикажам, ќе биде само повторување на претходната, бидејќи проблемите се исти.

Кога не се оневозможени од спротивставена сила, луѓето имаат природна склоност да ја направат најдобрата зделка што можат; односно,  тие сакаат да добијат колку што е можно повеќе за нивниот труд; без оглед дали со таа предност ќе се стекнат од странски производител или вешт механички производител.

Теоретската забелешка која се дава на оваа склоност е иста во двата случаи. Во двата случаи, забелешкта е очигледната неактивност која е предизвикана кај трудот. Сега, работната сила која стана достапна, а не неактивна, е токму она што ја одредува. И затоа во двата случаи истрата пкратична пречка – сила/моќ, исто така и се спротивставува на неа.

Законодавецот забранува странска конкуренција и забранува механизирана конкуренција. Кои други средства можат да постојат за запирање на напредокот кој е природен за сите луѓе, но кој ги лишува од нивната слобда?

Вистина е дека во многу земји законодавците забрануваат само еден од овие конкуренти, ограничувајќи се на негодување на другиот. Ова докажува само едно нешто, односно, дека законодавоцеот е неконзистентен.

Ова не треба да не зачудува. На погрешниот пат, неконзистентноста е неизбежна; ако не беше така, човештвото немаше да биде жртвувано. Грешен принцип никогаш не бил и нема да биде извршен до крај.

Сега да се навратиме на нашата демонстрација, која нема да биде долга.

Џејмс Б имаше два франка кои ги доби од двајца работници; но му дојде на памет дека може да се спогоди за јажиња и тегови кои ќе го намалат трудот за половина. Затоа тој се стекнува со истата предност, заштедува еден франк и отпушта еден работник.

Тој отпушта работник: ова е она што се гледа.

И ако се гледа само ова, се вели, „Видете како мизеријата е дел од цивилизацијата; на овој начин слободата е кобна за еднаквоста. Човечкиот ум победи и работникот веднаш е фрлен во провалијата на сиромаштијата. Џејмс Б. може да вработи двајца работници, но тогаш тој ќе ги плати со само половина дневница, бидејќи тие ќе се натпреваруваат меѓусебно и ќе го понудат својот труд за најмала цена. Па така богатите секогаш стануваат се побогати, а сиромашните посиромашни. Општеството сака ремоделирање”. Многу добар заклучок, достоен за предговорот.

За среќа, предговорот и заклучокот се погрешни, бидејќи позади половината од феноменот што се гледа лежи другата половина  која што не се гледа.

Франкот кој го заштеди Џејмс Б. не се гледа како и потребните ефекти од оваа заштеда.

Бидејќи поради овој изум, во потрага по посакуваната предност Џејмс Б. троши само еден франк за работна рака, еден франк му останува.

Ако потоа постои во светот работник кој е невработен, тогаш постои во светот и капиталист со неискористен франк. Овие два елементи се сретнуваат и соединуваат и јасно е како солза дека помеѓу понудата и побарувачката на труд и помеѓу понудата и побарувачката на дневница, односот не се променил.

Изумот и работникот кои се платени со по еден франк сега ја извршуваат работата која претходно беше извршувана од двајца работници. Вториот работник, платен со вториот франк сега извршува друга работа.

На кој начин се промени ситуацијата тогаш? Се доби дополнителна национална предност; со други зборови, изумот претставува бесплатен триумф – бесплатен профит за човештвото.

Со поставувањето,  може да се извлече следниов заклучок: „Токму капиталистот е оној кој ја влече предноста од машинеријата. Работничката класа, ако е во загуби само краткотрајно, никогаш не профитира бидејќи на начинот на кој покажавте, тие само преместија дел од националниот труд, без да се намали иститот, тоа е вистина, но исто така и без да се зголеми“.

Не се преправам дека во оваа кратка расправа ќе ја одговорам секоја забелешка; единствената цел која ја имам на ум е да се спротиставам на вулгарната, широко распространета и опасана предрасуда. Сакам да докажам дека нова машина само доведува до отпуштање на дел од трудот кога надоместокот со кој се платени се добива на сила.Овој труд и овој надоместок би се комбинирале за да го создадат она што беше невозможно да се произведе пред изумот; оттука следи дека крајниот резултат е раст на предноста за еднаков труд.

Кој добива од овие дополнителни предности?

Прво, точно е дека капиталистот, изумителот, оној кој прв ќе успее да ја користи машината; ова е наградата на неговата генијалност и храброст. Во овој случај, како што предмалку видовме, тој успева да заштеди на трошоците на производството, која потоа може да биде потрошена на било кој начин (а секогаш е потрошена) – вработува точно онолку труд колку што машината придонесе да биде отпуштен.

Но наскоро конкуренцијата го приморува да ги намали цените на производството до нивото на заштедите; и потоа не е изумителот оној кој ги жнее добивките на изумот – туку купувачот на она што е произведено, потрошувачот, јавноста, вклучувајќи го и работникот; со еден збор, човештвото.

И она што не се гледа е дека заштедите обезбедени за сите потрошувачи создадоа фонд од каде платите можат да бидат обезбедени, кој ги заменува она што машините го потрошија.

Но, да се навратам на претходно споменатиот пример каде што Џејмс Б. забележува профит, трошејќи два франка за плати. Поради неговиот изум, работната рака го чини само еден франк. Се додека тој ги продава она што го произведува за иста цена, тој вработува еден работник помалку во производството на специфичниот производ и тоа е она што се гледа; но исто така има и дополнителен рабтник кој е вработен со заштедениот франк на Џејмс Б. Ова е тоа што не се гледа.

Кога, поради природниот напредок на работите, Џејмс Б. е приморан да ја намали цената на производот кој го произведува за еден франк, тогаш тој повеќе не успева да штеди; тој повеќе нема уште еден франк кој може да искористи дополнително вработувајќи национален труд за ново производство. Но тогаш друг добитникот ќе му го земе местото и на тој начин човештвото добива. Кој и да го купи она што е произведено, плаќа еден франк помалку и ова неопходно ја додава оваа заштеда во фондот за плати; и повторно, тоа е она што не се гледа.

Засновано врз факти, друго решение му е дадено на проблемот со машинеријата.

Се вели дека машинеријата ги намалува трошоците на производство и ја намалува цената на она што се произведува. Ова намалување на профитот предизвикува да се зголеми потрошувачката која нужно бара зголемено производство; и конечно, следејќи го изумот, потребно ќе биде вработување на исто толку работници, или повеќе. Доказ за тоа е печатењето, ткаењето и сл.

Оваа демонстрација не е научна. Ќе не доведе до заклучот дека ако потрошувачката на специфично производство за кое ние зборуваме остане непроменето, или скоро така, машинеријата мора да го повреди трудот. Тоа не е така.

Претпоставете дека во одредена земја сите луѓе носат шапки. Ако, поради машинеријата цената може да се преполови, оттаму нужно не следи дека потрошувачката двојно ќе се зголеми.

Дали би рекле дека во овој случај дел од националниот труд е паралелизиран? Да, според вулгарната демонстрација, но не и според мене; бидејќи дури и единствена шапка да треба да се купи во земјата, целиот фонд за плати не би бил помалку сигурен. Она што не успеа да оди за трговијата со производството на шапки ќе се отиде во економијата од страна потрошувачите и на тој начин ќе служи за плаќање на целиот труд кој машините го направија бескорисен и ќе возбудат нов развој во сите трговии. На тој начин функционираат работите. Знам за весници кои чинеа осумдесет франци за кои сега плаќам четириесет и осум; ова претставува заштеда од триесет и две франци за претплатниците. Не е сигурно, или барем нужно, дека триест и две франци треба да го напуштат новинарството; но сигурно е, но и нужно, ако тие не тргнат по овој пат ќе тргнат по некој друг. За некој добивка претставува тоа што купува повеќе весници; за некој друг, користа се состои во подобра живеачка; за некој трет подобра облека; за некој четврт подобар мебел. На тој начин занаетите се заедно врзнаи.

Тие создаваат огромна целина, чии различни делови комуницираат преку тајни канали: она што е заштедено од еден, профитираат сите. За нас е многу важно да сфатиме дека заштедите никогаш не се претставуваат штета за трудот и платите.

Прочитајте ги останатите глави од „Она што се гледа и она што не се гледа“ на Фредерик Бастиат:

Глава 1: Скршениот прозорец

Глава 2: Распуштањето на армијата

Глава 3: Даноци

Глава 4: Театри иуметност

Глава 5: Јавни добра

Глава 6: Посредници

Глава 7: Забрани

Превoд на Frederic Bastiat – That Which is Seen, and That Which is Not Seen од англиски јазик:

Simon Sarevski

Симон Саревски, 
Либертаниа и Студенти за слобода