Она што се гледа и она што не се гледа: Театри и уметност
Дизајн: Ѓорѓи Димитров

Она што се гледа и она што не се гледа: Театри и уметност

Глава 4: Театри и уметност

Треба ли државата да ја поддржувa уметноста?

Секако дека има многу да се каже за двете страни на ова прашање. Може да се каже, дека уметноста ја расте, воздигнува и хармонизира душата на нацијата; ја пренасочува преголемата апсорпција на материјалните занимања; поттикнува во неа љубов за убавото; па така дејствува поволно за манирите, обичаите, моралот, па дури и индустријата. Може да се праша, што ќе се случи со уметноста во Франција без нејзиниот италијански театар и неговиот конзерваториум; со драмската уметност без францускиот театар; со сликарството и скулптурите без нашите колекции, галерии и музеи? Дури може и да се праша дали без централизацијата и следствено, поддршка на уметноста, ќе биде развиен тој исклучителен вкус, кој е благороден додаток на францускиот труд и го запознава светот со својата креација? Соочени со вакви резултати, дали би било доволно непретпазливо да се одрекне овој умерен придонес од сите граѓани, кој всушност, во очите на Европа, ја претставува неговата супериорност и слава?

На овие и многу други причини, чие влијание секако не го оспорувам, можат да бидат спротивставени не помалку силни аргументи. Прво, може да се каже дека во нив се состои прашањето на дистрибутивна правда. Дали правото на законодавецот се проширува до арбитража на платите на занаетчијата, во името на зголемување на профитот на уметникот? М. Ламартин вели, „Ако престанете да го поддржувате театарот, каде ќе запрете? Дали тоа нема нужно да доведе до повлекување на вашата поддршка за колеџите, вашите музеи, вашите институти и вашите библиотеки? Може да се одговори, ако сакате да поддржите се што е добро и корисно, каде ќе запрете? Нема ли вие нужно да бидете доведени да формирате граѓанска листа за земјоделство, индустрија, трговија, добронамерност, образование? Тогаш, дали е точно дека  владината помош го поддржува развојот на уметноста? Ова прашање е далеку од решено и многу добро можеме да видиме дека театрите кои просперираат, се оние кои зависат од сопствени средства. Ако размислиме подлабоко, може да забележиме дека желбите произлегуваат една од друга и во региони кои се сè повеќе разавиени во споредба со она што јавното богатство дозволува да биде задоволено. Државата не треба да превземе улога во овој однос, бидејќи во услови на денешно богатство истата не би можелa преку оданочување да ги стимулира неопходните потреби на уметноста, а да не го прекинува природниот развој на цивилизацијата. Можам да забележам дека овие вештачки разместување на желби, вкусови, труд и население ги ставаат луѓето во несигурна и опасна позиција, без било каква цврста основа.

Ова се некои од причините што се наведени од страна на противниците на државната интервенција кога се работи за тоа како граѓаните сметаат нивните желби да бидат задоволени, и на што следствено, нивната активност треба да биде насочена. Јас, морам да признаам, сум еден од оние кои мислат дека изборот и импулсот треба да дојде од долу, а не од горе, од граѓаните, а не од законодавците; а спротивната доктрина ми се чини се стреми кон уништување на слободата и човечкото достоинство.

Но, со грешната и неправедната дедукција, дали знаете за што се економистите обвинети? Кога не одобруваме државна поддршка, не ја одобруваме самата работа за која се расправа; и дека сме непријатели на секаков вид активност, бидејќи не сакаме тие активности од една страна да бидат бесплатни, а од друга страна бараме наградата која ќе ја добијат да зависи од нив самите.

Така, ако сметаме дека државата не треба да се меша преку оданочување во верските работи, ние сме атеисти. Ако сметаме дека државата не треба да се меша преку оданочување во образованието, ние сме непријателски настроени кон знаењето. Ако кажеме дека државата не треба да им даде измислена вредност на земјата или одредена гранка на индустријата, ние сме непријатели на сопственоста и трудот. Ако мислиме дека државата не треба да ги поддржи уметниците, ние сме варвари, кои гледаат на уметноста како бескорисна.

Далеку од апсурдната идеа дека сакаме да се откажеме од религија, образование, уметност, кога ќе кажеме дека државата треба да го заштити слободниот развој на овие активности, без да им помогне во дел од трошоците (на сметка на останатите), напротив сметаме дека сите овие живи сили на општеството, самите би се развивиле похармонично под влијанието на слободата; и дека, под истото влијание никоја од нив, не би била извор на неволја, злоупотреба, тиранија и неред, како што е случај сега.

Нашите противници сметаат дека секоја активност која не е материјално помогната или регулирана од страна на државата е уништена активност. Ние го мислиме сосема спротивното. Тие веруваат во законодавците, а не во човештвото; ние веруваме во човештвото, не во законодавците.

Така, М. Ламартин вели ,,Според овој принцип мора да ги укинеме јавните изложби, кои се чест и богатствотo на оваа земја”. Но јас би му кажал на М. Ламартин – според вашиот начин на размислување, да не се поддржи е да се укине; бидејќи, тргнувајќи од максимата дека ништо не постои независно од волјата на државата, вие заклучувате дека ништо не живее освен она на што државата му дава живот.

Но јас се спротиставувам на ова тврдење со самиот пример кој го одбравте и ве молам да забележите дека најголемате и најблагородните изложби, оние кои се зачнати во најлиберален и најуниверзален дух – и дури би го искористил терминот хуманитарни, бидејќи не е преувеличување – е изложбата која се спрема во Лондон, единствениот град во кој државата не презема било каква улога.

Да се вратиме на уметноста. Ќе повторам, постојат многу силни причини кои можат да се изнесат против системот на државна помош – читателот мора да забележи дека посебниот предмет на ова дело не ме води ниту да ги објаснам, ниту да одлучам во нивна корист, ниту пак против нив.

М. Ламартн наведуваше еден аргумент кој не можам да го премолчам, бидејќи е тесно поврзан со економијата. ,,Економското прашање во однос на театрите, се состои во еден збор – труд. Малку значи која е природата на овој труд; тој е плоден, продуктивен труд како и секој друг вид. Театрите во Франција, вие знаете, хранат и вработуваат не помалку од 80 000 работници од различни струки – сликари, ѕидари, декоратори, потрошувачи, архитекти итн. кои го сочинуваат самиот живот и движење на неколку делови од овој главен град и поради тоа треба да ја имаат вашата поддршка”. Вашата поддршка! Подобро кажете, вашите пари.

Тој понатаму вели: ,,Уживањата на Париз произлегуваат од трудот и потрошувачката на провинциите, a луксузот на богатите вродува со плати и леб на 200 000 различни работници, кои живеат од повеќенаменската индустрија на театрите во републиката и имаат корист од овие благородни задоволства, ги одржуваат нивните животи и потреби на своите семејства, а Франција ја прославуваат. Токму ним ќе им дадете 60.000 франци. („Многу добро, многу добро. Голем аплауз.”) Јас сум приморан да кажам, „Многу лошо! Многу лошо!“ ограничувајќи го ова мислење, се разбира, во границите на економското прашање за кое разговараме.

Да, барем дел од овие 60 000 франци ќе завршат кај работниците во театрите; можеби и неколку подмитувања ќе се забележат. Ако погледнеме малку поблиску во предметот може да забележиме дека тортата завршила во други раце и дека оние работници кои ќе добијат неколку трошки ќе бидат среќниците. Но јас ќе дозволам, на пример, целата сума да оди кај сликарите, декораторите, итн.

Ова е она што се гледа. Но од каде доаѓа? Ова е другата страна на прашањето, која е исто така битна како и првата. Од каде изникнуваат овие 60 000 франци, и каде би оделе кога гласот на законодавците не би испратил прво кон Ру Риволи и оттаму кон Ру Гренал? Ова е она што не се гледа. Секако, никој нема да помисли да тврди дека законодавното гласање предизвика оваа сума да се исплати во гласачката кутија; дека е чист додаток на националното богатство; дека ако не беше ова чудесно гласање, овие 60 000 франци ќе беа засекогаш невидливи и неопипливи; мора да се признае дека се што мнозинството може да направи е да одлучи тие да бидат земени од едно место за да бидат пратени на друго; и ако тие се тргнати во еден правец, тоа е само затоа што се пренасочени од друг правец.

Јасно е дека даночниот обврзник кој придонел еден франк, повеќе го нема тој франк на располагање. Јасно е дека ќе му биде одземено одредено задоволство во износ од еден франк; и ако работникот, кој и да е тој, кој ќе го добиеше тој еден франк од него, ќе биде лишен од корисност за толкав износ. Затоа, да не бидеме водени од детската илузија да веруваме дека гласот на 60 000 франци можат да додадат било што за благосостојбата на државата или националниот труд. Тоа ги дислоцира уживањата и ги транспонира платите – тоа е се.

Дали ќе биде кажано дека еден вид на задоволство и еден вид на труд се заменуваат со поитни, поморални, поразумни задоволства и труд? Ова можам да го оспорам; можам да кажам дека со одземањето на 60 000 франци од даночните обврзници, ги намалувате платите на физичките работници, одводнувачите, столарите, ковачите и пропорционално ги зголемувате оние на пејачите.

Ништо не докажува дека втората класа заслужува повеќе поддршка отколку првата. М . Ламартин не вели дека тоа е така. Самиот вели дека трудот од театрите е исто плоден и продуктивен како и било кој друг труд (и не повеќе); и во ова може да се сомневаме; бидејќи најдобриот доказ дека вторите не се продуктивни како претходните лежи во тоа што првите се повикувани да ги поддржат.

Но оваа споредба помеѓу вредноста и вродената заслуга на различните видови труд не претставува дел од мојата тема на дискусија. Тука, се што треба да направам е да ви покажам дека ако М. Ламартин и оние кои го фалат неговото аргументирање од една страна ги виделе заработените плати на оние кои се грижат за комичарите, а од друга страна тие треба да видат дека оние кои се грижат за даночните обврзници ги загубиле платите: поради ова, тие се изложија на потсмев поради грешка во прераспределбата на  добивка. Ако тие беа верни на својата доктрина немаше да има ограничување на нивните барања за државна помош; бидејќи она што е вистина за еден франк, вистина е и за 60 000 франци, како и за сто милиони франци при исти услови.Кога даноците се тема на дискусија, треба да ја докажете нивната корисност, но не со несреќното тврдење „Јавната потрошувачка ги поддржува работничките класи“. Ова тврдење го маскира важниот факт дека јавната потрошувачка секогаш ја заменува приватната потрошувачка и затоа му овозможуваме егзистенција на еден работник на сметка на друг, но не додава ништо во вкупниот удел на работничката класа. Вашите аргументи можеби се доволно модерни, но се премногу апсурдни за да бидат разумно оправдани.

Превoд на Frederic Bastiat – That Which is Seen, and That Which is Not Seen од англиски јазик:

Simon Sarevski

Симон Саревски
Либертаниа и Студенти за слобода