Она што се гледа и она што не се гледа: Даноци
Дизајн: Ѓорѓи Димитров

Она што се гледа и она што не се гледа: Даноци

Глава 3: Даноци

Дали никогаш сте имале шанса да го чуете следново: “Не постои подобра инвестиција од даноци. Само погледнете колку фамилии тие издржуваат и размислете како влијаат на индустријата: тие се непресушен извор, тие  се самиот живот.”

За да се борам со оваа доктрина, морам да се повикам на моето претходно побивање. Политичката економија знае доволно добро дека нејзините аргументи не беа многу забавни, така што за нив може да се каже, повторување, ве молам.

Затоа, (политичката економија) ја искористи поговорката за сопствена употреба, длабоко убедена дека во нејзината уста, повторувањата учат.

Предностите (на политиките) за кои службените лица се залагаат е она што се гледа. Корисноста која ја акумулираат давателите на услугите е сеуште она што се гледа. Ова ослепува сечии очи.

Но, недостатоците од кои даночните обврзници мораат да се ослободат е она што не се гледа. И повредата кон давателите на услуги е сеуште она што не се гледа, иако ова треба да биде очигледно.

Кога службеник троши, за сопствен бенефит дополнителни сто су [француска монета], тоа значи дека даночниот обврзник троши за сопственa корист сто су помалку. Но, трошоците на служебникот се гледаат бидејќи дејството е извршено, додека оние на даночниот обврзник не се гледаат, бидејќи, за жал тој е спречен да го направи тоа.

Вие ја споредувате нацијата со исушено парче земја, а данокот со дожд кој ќе ја нахрани. Нека биде така. Но, треба да се запрашате кои се изворите на овој дожд и дали тоа не е самиот данок, кој ја извлекува влажноста од земјата и ја суши?

Повторно, треба да се запрашате дали е можно земјата да добие исто онолку од оваа скапоцена вода на дождот колку што губи од испарување?

Постои една работа која е многу сигурна, тоа дека кога Џејмс Б. му дава сто су на даночникот, тој не добива ништо за возврат. Потоа, кога службеникот ги троши овие сто су и му враќа на Џејмс Б., тоа е во иста вредност,  во житни производи или труд. Крајниот резултат е загуба за Џејмс Б. од пет франци.

Многу е точно дека често, можеби премногу често, службеникот извршува за Џејмс Б. иста услуга. Во овој случај не постои загуба кај двете страни; тука постои само размена. Затоа, моите аргументи воопшто не важат за корисни функционери. Се што велам е – ако сакате да создадете канцеларија (институција), докажете ја нејзината корисност. Покажете дека нејзината вредност за Џејмс Б., преку услугите кои ги извршува за него, ќе биде еднаква како и неговите трошоци. Но, освен оваа суштинска корисност, не ја изнесувајте добивкта со која се стекнува службеникот, неговата фамилија и луѓето од кои тој купува како аргумент; не тврдете дека тоа поттикнува од труд.

Кога Џејмс Б. му дава сто су на државниот службеник за навистина корисна услуга е целосно исто како кога тој му дава сто су на чевларот за еден пар чевли.

Но, кога Џејмс Б му дава сто су на владиниот службеник и не добива ништо освен нервози, тој може слободно да ги даде истите на крадец. Да се каже дека владиниот службеник ќе ги потроши овие сто су за голем профит на националниот труд е глупост; крадецот би го направил истото; исто така и Џејмс Б., кога не би бил спречен од страна на легалниот паразит или од законскиот сунѓер.

Тогаш, да се запознаеме подобро за да можеме да го избегнеме судењато на работите  врз основа не само на она што се гледа туку и на она што не се гледа. Минатата година јас бев дел од Францускиот комитет, бидејќи опозицијата не беше систематски исклучена од сите комисии: со тоа изборната единица постапи мудро. Го чувме М. Тиер како зборува – ,,Јас го поминав мојот живот спротиставувајќи се на легитимистичката и свештеничката партија. Бидејќи заедничката опасност не спои, сега кога се согласувам со нив и ги знам, и сега кога зборуваме лице в лице, сфатив дека тие не се чудовишта какви што ги замислував.”

Да, недовербата е претерана и омразата е негувана меѓу партиите, и ако мнозинството му дозволи на малцинството да биде присутно во комисиите, можеби ќе се открие дека идеите на различните страни премногу не се разликуваат меѓусебно, и најважно, нивните намери не се толку перверзни колку што се претпоставува. Но, минатата година јас бев дел од комитетот за финансии. Секогаш кога еден од моите колеги зборуваше за одредување на средна вредност за одржување на претседателот на републиката, министерите и амбасадорите, одговараа:

“За доброто на службата, потребно е да се уредат одредени канцеларии со раскош и достоинство, како начин за привлекување на заслужни луѓе. Огромен дел несреќни луѓе му пишуваат на претседателот на републиката, а тоа би го ставилo во многу болна состојба во која би бил приморан константно да ги одбива. Извесен стил во министерските салони е дел од машинеријата на конституционалните влади.”

Иако таквите аргументи можат да бидат контроверзни, секако заслужуваат испитување. Тие се основа на јавниот интерес, било тоа да е правилно проценет или не; и што се однесува до мене, јас имам многу повеќе почит за нив отколку за нашите Катовци, кои се поттикнати од многу тесен дух на штедливост или љубомора. Но она што го револтира економистот во мене и прави да црвенеам поради интелектуалните ресурси на мојата земја, е кога оваа апсурдна реликва од феудализмот е постојано изнесена и добро прифатена:

“Сепак, луксузот на големите државни службеници ги поттикнува уметноста, индустријата и трудот. Шефот на државата не може да одржува банкети и говори без да предизвика животот да циркулира низ сите вени на граѓанското тело. Кога би ги намалиле нивните средства, тие ќе ја прегладнат Париската индустрија и следствено, целата нација.”

Морам да ве замолам господа, барем да обрнете малку внимание на аритемтиката и да не зборувате пред националното собрание во Франција, да не се срами кога ќе се согласи со вас, дека собирање дава различна сума според тоа дали се собира од долу кон горе, или од горе кон долу во колоната.На пример, јас сакам да се договорам со наводнувачот да направи ров во моето поле за сто су. Како што заклучивме во нашиот договор, даночникот доаѓа и ги зема моите сто су и ги праќа во министерството за внатрешни работи; мојата зделка завршува, но министерот ќе има уште една чинија на својата маса. На која основа ќе се осмелите да тврдите дека трошоците на овој службеник и помагаат на националната индустрија? Зарем не можете да видите дека во овој случај има само враќање на задоволство и труд? Министерот си ја има својата маса подобро покриено, тоа е точно; но исто така е точно дека земјоделецот го има своето поле полошо наводнето.  Парискиот сопственик на таверна доби сто су; но тогаш мора да се согласите со мене дека наводнувачот беше спречен од добивање на пет франци. Сè се сведува на следново –  она што се гледа е дека службеникот и сопственикот на таверната се задоволни; она што не се гледа е наводнетото поле и одводнувачот кој e лишен од неговата работа. Господе! колку многу проблеми има во докажувањето дека два и два се четири и ако успеете во докажувањето, се вели “работата е толку проста што е поприлично заморна,” а тие гласаат како ништо да не сте докажале.

Прочитатјте ги останатите глави од „Она што се гледа и она што не се гледа“ на Фредерик Бастиат:

Глава 1: Скршениот прозорец
Глава 2: Распуштањето на армијата

Превoд на Frederic Bastiat – That Which is Seen, and That Which is Not Seen од англиски јазик :

Simon Sarevski

Симон Саревски
Либертаниа и Студенти за слобода