Основен загарантиран приход, слободниот пазар и предизвиците со COVID-19: Интервју со Стивен Дејвис, прв дел

Основен загарантиран приход, слободниот пазар и предизвиците со COVID-19: Интервју со Стивен Дејвис, прв дел

Др. Стивен Дејвис е раководител за образование во Institute of Economic Affairs (Институтот за економски прашања). Тој е автор на повеќе книги, вклучувајќи ги Empiricism and History (Theory and History) (Емпиризам и историја) и A Dictionary of Conservative and Libertarian Thought (Routledge Revivals) (Речникот на конзервативната и либертаријанската мисла) во коавторство со Најџеч Ашфорд.

Симон Саревски поразговара со него за проблемите кои не очекуваат од автоматизацијата и можните политички решенија, пред се формите на загарантираниот основен приход. Како кон пробемите на иднината, поглед беше фрлен и кон минатото и начинот на кој слободниот пазар ги решавал проблемите поврзани со јавните добра. Понесени од можеби најголемата криза на нашите животи и модерните проблми, интервјуто заврши со кратка дискусија поврзаната со COVID-19.

Во прилог првиот дел од интервјуто.

Симон Саревски: На меѓународната конференција организирана од Европските студенти за слобода LibertyCon 2020 вие зборувавте за (претстојната) автоматизација. Многумина, како од левицата така и од десницата, сметаат дека автоматизацијата ќе уништи многу работни места, чиј ефект сам по себе ќе донесе безбројни проблеми. Дали ваквките тврдења држат вода и доколку е тоа така, со кои проблемите би се соочиле?

Стивен Дејвис: Скептичен сум за начинот на кој овие тврдења честопати се прават. Вистина е дека технолошкиот развој ќе уништи многу работни места па дури цели индустрии. Оттука доаѓа претпоставката дека тоа е се она што ќе се случи, оставајќи голем дел од трудот со празни раце. Економската теорија и историските докази пак велат дека уништувањето на работните места е само половина од приказната. Другата половина е дека овие иновации исто така создадат работни места и целосно нови индустрии. Новите работни места се разликуваат од оние кои се заменети, но типично се во поголем број за разлика од претходно, што значи станува збор за трансформација во вработувањето, а не негово уништување.

Како за пример земето го доаѓањето на моторот за внатрешно согорување кој елиминира огромен број на работни места поврзани со коњите, но во исто време создаде огромен број на работни места поврзани со производството и сервисирањето на моторни возила.

Тоа не значи дека треба да претпоставиме бидејќи тоа секогаш се случувало претходно. Повторно ќе се соочиме со ист случај и сега. Но овој пат е различно, бидејќи вештачката интелигенција е различен тип на техонологоија која може целосно да ги замени луѓето, а не само трудот. Но, постојат силни причини да се биде скептичен за истото. Сите докази досега велат дека вештачката интелегенција ќе функционира на ист начин како сите технологии досега. Таа ќе го прифати човечкиот труд и ќе донесе нови начини за извршување на задачите, што ќе го ослоби човекот да прави други работи.

Тоа не значи дека нема да се соочиме со предизвици – секако дека ќе се соочиме и тоа со големи –  но важно е да се разбере природата на овој предизвик. Тоа не е уништување на работните места или приходот на трудот (како што многумина се плашат и надеваат), туку трансформација, односно проблемите се состојат во транзицијата и прилагодувањето.

Симон Саревски: Во изминативе години често се зборуваше за основен загарантиран приход (ОЗП) од леви струи,  при што за време на COVID-19 кризата со која се соочуваме во моментов, вакви повици доаѓаат и од републиканицте во сенатот на САД. Во исто време ги видовме првите обиди од мали размери од овој вид во Финска, на пример. Дали постои одредена класично либерална перспектива во однос ОЗП? Кое е вашиот личен став за истото прашање, ако не ви пречи што ве прашувам?

Стивен Дејвис:

Основниот загарантиран приход е прашање за кое би рекол дека не постои чиста класично либерална позиција, ниту пак чисто социјалистичка или конзервативна. Со други зборови, ова праашање ги дели либералите и социјалистите внатре во самите кругови.

Вие можете својот став за универзален основен приход (УОП) да го засновате на либерални аргументи и сознанија. Јас го имам направено тоа, застапувајќи ја тезата во 1980-те години пишувајќи за Центарот за политички студии. Многу класични либерали ја дале својата поддршка за УОП или некоја друга форма на ОЗП (УОП е специфична форма на пошироката кетегорија на ОЗП) како негативниот данок на доход или демографски базиран систем на приходи (на пр. Џејмс Бјукенен, Милтон Фридман, Џулиет Рис-Вилиамс, Чарлс Мареј).

Слично на ова, вие можете да држите радикален егалитарен став, заснован на идеите на Маркс во младите години. Како социјалистите така и класичните либерали кои поддржуваат УОП ги влечат своите корени од Томас Пејн, кој претставува заеднички предок за двете традиции. Во двата случаи идеата за УОП ја зголемува личната автономија без да и даде преголема моќ на државата или некој вид на колективен ентитет. За егалитарните социјалисти тоа исто така значи и раскинување на врската помеѓу приходот и работата, со што би се запрело со оттуѓувањето на луѓето од нивната работа и производството (оттука доаѓа зошто ова е во согласност со идеите на Маркс од младоста, а не толку со Маркс од староста).

Исто така, постои спротивставување како од либералите така и од социјалистите. Еден либерален приговор е стравот од практичната политика поврзана со УОП. Единствен начин да го решите тој проблем е УОП да биде вметнат како дел од уставот, наместо рутинската политика – тоа беше ставот на Џејмс Бјукенен – а тоа е тешко. Приговорот кој го делат луѓето од двете страни е дека УОП ги поткопува социјалната централност и важност на производствената работа, исфрлајќи ја во сферата на игра. (Можете да најдете истражувања во фикцијата за можните проблеми во новелите на Иан М. Бенкс)

Па така, вистинската поделба помеѓу социјалистите и либералите е околу тоа како да ја измерите работата и нејзиното место во човечкиот живот (конзервативците, пред се христијаните, се обединети во нагласувањето на централната улога на работата во она што го претставува целосниот живот). На страната на либералите, традицијата датира се до Рикардо и сите економисти после него, кои гледаат на работата како трошок или некорисност со која мора да се соочите во името на производството. Но, исто така постои и различна традиција чија основа е евангелското христијанство и нејзината секуларизирана форма која гледа на работата како основа за добар живот, и сама по себе позитивно добра.

На социjалистичката страна постои една традиција која исто така датира од времето на класичната економија, збрчкана од страна на Маркс, велејќи дека некорисноста доаѓа од страна на оттуѓувачката природа, која пак доаѓа од нееднаквата сопственост на средствата за производство. 

Но, мора да се нагласи дека практичниот заклучок е ист како оној на либералите. Спротивставените гледишта се трудовата традиција која ја смета платената работа и достоинството за централни во политиката и социјалната теорија (ова повторно доаѓа од христијанското гледишта, пред се католицизмот, но исто така и од видови на протестантизам).

Порано бев цврсто на првата страна на либералното размислување од каде и доаѓа мојата поддршка за УОП, но во последниве години станав се повеќе скептичен поради двете горенаведени причини. Проблемот за мене се состои во тоа што во практичната политика единствената реалистична алтернатива за УОП да оди напред е или преку колективна задолжителна социјално-осигурителна шема или универзални основни услуги, за чии пристапи имам многу силни резервации.

Симон Саревски:  Дури и кога би се сложиле со аргументот дека ОЗП е позиција со морални недостатоци, дали ОЗП можеби е нешто кон кое треба да се стремиме бидејќи тоа би било најдоброто решение кое можеме да го достигнеме?

Стевен Дејвис: Во моментов размислувам во таа насока, барем во развиените држави, пред се англосаксонските. Пошироко гледано, во современиот свет постојат четири пристапи на прашањато за  благосостојба и улогата на владата (Ова се идеални видови. Реалноста секогаш е мешавина каде што една доминира).

Прв пристап

Првиот пристап е оној на класичните либерали кој може да се нарече ,,безбедносна мрежа – филантропија – самопомош.” Овој пристап обезбедува минимално ниво на социјална помош чија цел е едноставно да се превенира целосно човеково уништување (буквално луѓето да не гладуваат на улиците). Обичино е стигматизиран да дава поттик за користење само по потреба.  Главниот товар паѓа на граѓанското општество во форма на фамилии, преку огранизирани добротворни цели, лична самопомош и потпирање на себе, колективна самопомош и взаемна помош  – ова е најважниот аспект – плус приватно осигурување од ризици, како и штедење. Ова е едноставно политички неостварливо во моментов, но либералите сепак треба да се залагаат за истото и да се обидат да развијат таква пракса.

Втор пристап

Вториот пристап е идејата за ,,национален минимум” или како што сега се нарекува универзален основен приход. Ова беше идеалот на традиционалните социјалистички и работнички движења, барем се до 1950-те години и (веројатно) ,,вистински постоечкиот социјализам” во Советскиот Сојуз и пошироко. Тука не постојат државни прилози и социјални плаќања. Наместо тоа, државата им гарантира на сите пристап до добрата и услугите потребни за минимален животен стандард, обезбедувајќи им или бесплатна потрошувачка или еднаква номинална исплата, чија намена е да се менаџира побарувачката, а не да финансира било што. Вообичаениот список на добра и услуги се работите како храна, вода, домување, енергија, здравствени услуги, образование и санитарни услуги, но може да вклучи и други услуги како  транспортни, забава и комуникации (порано тоа беше поштата, а денес е интернетот). За овие услуги се плаќа преку општо оданочување или директно преку државно поседуваните продуктивни средства, користејќи ги нив за да се овозможат овие добра и услуги. Кај леввицата ова прави кам-бек во моментов. Проблемот за либералите се очигледно импликациите во врска со граѓанските слободи кои во исто време го воздигнуваат колективниот избор  и споделените вредности над личниот избор и индивидуалните вредности.

Трет пристап

Третиот пристап е моделот на колективено социјално осигурување кој може му се препише на Бизмарк. Овој модел е доминантен во поголем дел од Европа и Источна Азија – Сингапур претставува класичен пример за систем кој е дизајниран од нула. Исто така е етички колективистичен, но во исто време не и ја препушта централната улога на државата како што тоа и го овозможува вториот пристап. Како и да е, тој не дозволува личен избор и одговорност како што тоа го овозможува првиот пристап.

Четврт пристап

Четвртиот пристап е оној кој е доминантен во англосаксонските земји и Скандинавија. Тука социјалната поддршка ја зема формата на парични трансфери од страна на државата, кои не се платени преку осигурителна основа туку преку некој друг вид на право, кој обично важи универзално, со што pостојат две варијанти.

Во скандинавскиот случај повеќето од трансферите се универзални, па така сите ги добиваат. Клучно е да се нагласи дека кај скандинавците има движење во насока правата да се добиваат по основ на живеење во државата, наместо потребата од државјанство.

Англосаксонските држави користат емпириски тестирања, што значи дека треба да се наоѓате под одредено ниво на заработен доход за да бидете вклучени во програмата. Ова е поврзано со индивидуалистичкиот етос, кој сепак е многу различен од првиот пристап, каде што се сретнувате со индивидуализам со акцент на самодисциплина и воздржаност (од трошење). Во четвртиот пристап акцентот е ставен на експресивен индивидуализам, а многу помалку на одговорност или воздржаност.

Но да се вратам на вашето прашање. Левицата и десницата во повеќето држави поддржуваат некои верзии од четвртиот пристап (Исклучок се земјите со католичка традиција каде што моделот на социјално осигурување е сеушто моќен, како во Германија на пример). Загарантиран минимален приход или поспецифично универзален основен приход претставува понатамошен развој на четвртиот пристап.  Проблемот е што овој приспат е под огромен притисок поради повеќе причини, пред се во англосаксонските земји поради негативните последици од емпириските тестирања. Тоа (наместо автоматизацијата) е причината зошто толку многу се зборува за можното преминување кон УОП. Во идеален свет првиот пристап би бил реалната опција, но сега не живееме во идеален свет. Големиот ризик е дека моделот на УОП ќе победи, што ќе биде многу лошо за граѓанските слободи и културолошките импликации кои ќе следат (се разбира, гледно низ класично либерални очила). Па така, практичното политичко прашање е дали да се оди со УОП или со сингапурскиот модел на социјално осигурување како подобра алтернатива (кој не е најдобар во апсолутна смисла). Тоа е исто толку политичка проценка како и сè друго. Во некои држави повеќе смисла ќе има да се оди со моделот на социјално осигурување, каков што е случајот со Обединетото Кралство. Иако јавноста го преферира тој модел, премногу е тешко да се вратите назад поради повеќе од четириест години користење на четвртиот модел, пред се поради долгиот транзиционен период кој е потребен. Па затоа можеби најдобро е да се даде поддршка за моделот на  минимален животен стандард (бидејќи алтернативата е најверојатно универзалниот основен приход) додека се обидуваме да ја развиеме праксата на одговорност од првиот модел.

Вториот дел од интервјуто ќе биде објавен во текот на оваа недела.

Simon Sarevski

Симон Саревски
Либертаниа и Студенти за слобода