Основен загарантиран приход, слободниот пазар и предизвиците со COVID-19: Интервју со Стивен Дејвис, втор дел

Основен загарантиран приход, слободниот пазар и предизвиците со COVID-19: Интервју со Стивен Дејвис, втор дел

Др. Стивен Дејвис е раководител за образование во Institute of Economic Affairs (Институтот за економски прашања). Тој е автор на повеќе книги, вклучувајќи ги Empiricism and History (Theory and History) (Емпиризам и историја) и A Dictionary of Conservative and Libertarian Thought (Routledge Revivals) (Речникот на конзервативната и либертаријанската мисла) во коавторство со Најџеч Ашфорд.

Симон Саревски поразговара со него за проблемите кои не очекуваат од автоматизацијата и можните политички решенија, пред се формите на загарантираниот основен приход. Како кон пробемите на иднината, поглед беше фрлен и кон минатото и начинот на кој слободниот пазар ги решавал проблемите поврзани со јавните добра. Понесени од можеби најголемата криза на нашите животи и модерните проблми, интервјуто заврши со кратка дискусија поврзаната со COVID-19.

Првиот дел од интервјуто можете да го прочитате тука.

Симон Саревски: Прашање кое често им се поставува на класичните либерали е „кој ќе ги гради патиштата?“. Јас нема да ве прашам кој ќе ги гради туку дали историјата знае за време во кое патиштата биле градени и обезбедени од страна на слободниот пазар?

Стивен Дејвис: Да и тоа во периодот од 1710 до 1850 година во Британија каде што поголемиот дел од мнгоу користените патиштата преминуват од јавно одржувани во патишта одржувани од патарински трустови. Трустовите се задолжуваат за почетната капитална инвестиција, а исплатата на долгот и  одржувањето на патишатата  се обезбедува преку собирање средства од патарините. Тоа и овозможува на Велика Британија во 1850 година да го има најдобриот и најгустиот автопатски систем во Европа. 

Симон Саревски: Како во развиениот свет, така и во земјите во развој, одбранбената и законодавната се основните функции на дражата. По се изгледа дека на овие функции се додаваат и социјалната заштита, образованието и пензиите. Кога наместо теоретизирање би го свртиле погледот кон историјата, дали може да најдеме време во кое им било дозволено на слободните пазари да функционираат во овие индустрии? Уште поважно, дали слободните пазари постигнале подобри резултати?

Стивен Дејвис:

Всушност, државата е вклучена во овие области уште од времето на камералистите од седумнаесетиот и осумнаесетиот век во Германија. Во Англија и Велс уште од почетокот на седумнаесетиот век постои национален социјален систем. Па така, не постои ера без државна интервенција. Меѓутоа, постојат многу примери кога тие услуги се ефективно обезбедени и широко распространети (односно, не само за богатите) без државна интервенција.

Безмалку неизучувана приказна за социјалната држава (вклучувајќи го и здравството) се општествата за взаемна помош и пријателските општества кои најмногу можат да се најдат во Холандија, Германија, Велика Британија и САД. На сличен начин овие услуги се забележуваат и во исламскиот свет преку механизмите како закат (еден вид на доброволен данок на богатство кој се користи за да се финансираат добротворини цели кои се еден од петте столба на верата – државата може да го обезбеди собирањето на овие средства, но не и да одлучува како тие ќе бидат трошени) и постојаните добротворни фондации – ова е главниот начин на кој се обезбедуваат образовните и здравствените услуги низ историјата. Исто така постојат примери на здруженија во Грција и Рим од класичниот период, како и кинеската историја. Во сите овие случаи доброволното обезбедување на овие услуги е подобро од државниот еквивалент.

Големиот предизвик е овој: Има две работи кои државата може да ги постигне кога ги обезбедува овие услуги кои приватниот сектор не може. Првото е униформноста. Тоа не е предизвик за либералите – токму спротивното, бидејќи разновидноста и плурализмот на недржавно обезбедената понуда е една од добрите карактеристики за либералите (спротивставувањето е во фундаменталистичка егалитарна основа). Втората е универзалноста која е посложена. Проблемот се состои во тоа што ако се потпрете на доброволни цели за обезбедување на овие добра, мало малцинство или нема (или поверојатно) или нема да може да ги добие. Значителниот ефект на прелевање кој се забележува во некои случаи е тежината која не доведува до аргументот за потребноста на државата. На тој начин државата овоможува универзалност, или правејќи го учеството во системот задолжително или гарантирајќи одреден вид на заштита.. Во пракса, проблемот е што големината на оваа функција има тенденција да расте што ќе го истисне доброволното обезбедување на овие услуги.

Зборувајќи го сето ова, се повеќе сум уверен дека главната причина позади падот на доброволото обезбедување на овие услуги е приватниот интерес претставен преку трговските организации, работодавците и желбата на поединците да се ослободат од личната одговорност. Тоа покренува интересни прашања за либералите.

Симон Саревски: Короновирусот сеуште се шири како шумски пожар. Дали постои правилен поглед кон улогата на државата за справување со ваквите кризи?

Стивен Дејвис: 

Мислам дека ова е класичен случај на ситуација во која мора да има компулсивно колективно дејствувње. Јас немам трпение со оној вид на фундаменталистички либертаријанска позиција која вели дека ова не треба да се прави; и уште помалку за оние кои ја негираат реалноста, што стана премногу честа појава кога се работи за коронавирусот.

Вистинското прашање е што треба да се превземе. Вие сакате мерката да направи што е можно помала штета на потребните работи, да трае привремено и да трае што е можно најкратко. Тоа значи, она со што се соочуваме е емпириски избор на што најдобро ги исполнува критериумите. Во најдобриот свет одговорот би бил умерено социјално дистанцирање без комплетно затворање. Проблемот се карактеристиките на вирусот и ограниченоста на здравствените системи. Вирусот е премногу заразлив, се шири брзо, и исто така има долг инкубациски период и големото ниво на асимптоматски случаи. Тоа го прави неговото следење и  спречување на ширење тешко.

Вистинскиот проблем е дека за оние со симптоми се соочуваат со сериозни последици, многу полоши од грип, каде што потребно е хоспитализирање за 5% сите случаи. Тоа значи дека ако не успеете да се справите со вирусот во раните фази, умерено социјално дистанцирање не е доволно. Бројот на заболени ќе ги преплави болниците и ќе доведе до многу повеќе смртни случаи, што во исто време ќе предизвика и сериозна паника. Во тој случа затворањее потребно. 

Првиот проблем со затворањето е економската штета со која е проследено. Вториот проблем е поврзан со олабавување на мерките кога врвот на заболеноста е надминат. Вирусот не е мртов, а во исто време поголем дел од популацијата не го очекува, што значи дека тој ќе се врати. 

Тоа би значело одржување на некоја форма на затворање на подолг период (најверојатно осумнаесет месеци), што е едноставно невозможно, или затворање во интервали. Она што можете да го направите е да ги контролирате затворањата географски, кога ќе имате подобра слика за тоа каде вирусот е најактивен. Ова има смисла пред се во гоеграфски големи земји како САД, Русија, Кина, Бразил, Австралија… 

Ова е важно и за границите. Замислете дека сте Нов Зеланд или Тајван и успешно сте го исконтролирале вирусот со тоа што сте го следеле рано и интервенирале брзо. Проблемот со вирусот е што тој е сеуште присутен во светот. Ако дозволите влез на луѓе од други земји, вирусот повторно почнува од почеток.  Во пракса тоа значи дека барем шест месеци, можеби и многу повеќе, вие ќе морате да имате поприлично строги гранични контроли. Најверојатно ќе инсистирате секој кој влегува во зејата да биде во карантин четиринаесет дена (поради немањето на 100% загарантирани тестирања). Тоа значи забрана за бизнис патувања и туризам. Либералната позиција треба да биде прифаќање на сегашната потреба од ова, но и борба за отстранување на ваквите мерки во што е можно најбрз рок.

Симон Саревски: Можеби не со толку сериозни, меѓутоа низ историјата сме се сретнале со многу кризи. Дали COVID-19 кризата се разликува со кризите од минатото?

Стивен Дејвис: Низ историјата имало многу пандемии. Оваа е најсериозната пандемија по шанскиот грип од 1918-19 година и ќе биде најголема гледано преку последиците кои ќе ги остави врз модерната ера. Сепак, тоа нема да биде ни блиску како епизодите како црната чума, јустинијановата чума, или антониновата чума. Видете го мојот вебинар на IEA во врска со ова..

Симон Саревски: Како последица на нападот на кулите близначки САД реагираа со многу наметливи политики, нешто претходно невидено во западот во време на мир. Во последната деценија слободата на говор и правата на оружје се нападнати во САД. Кои се најголемите предизвици во слободниот свет денес?

Стивен Дејвис: Како најголем предизвик на слободниот свет денес би го издвоил растот на национализмот и националниот колективизам, политика која е комбинација од културен конзервативизам, национализам и еконoмски диригизам. Буквално, најлошата комбинација на политики и ставови – ова е лесен фашизам (или не толку, во некои случаи). Тоа е експлицитно и суштински антилиберална политика – видете ги говорите на Орбан на пример.

Симон Саревски: Како да се најде слобода во неслободен свет? 

Стивен Дејвис: Би го рекол следново:

  1. Одржувајте, застапувајте и почитувајте ги либералните принципи, како во смисла на нивна одбрана, така и преку живеење според нив.
  2. Постојат начини на кои можете да ја проширите вашата лична сфера на слобода и да одолеете на моќта дури и во свет кој обично е неслободен.
  3. Правете работи на лично и локално ниво во соработка со други кои помагаат да се градат институции и практики на слободно и отворено општество. Ова е многу важно, далеку повеќе од политичка активност (што треба да биде шлаг на оваа торта, ако воопшто и стигнете дотаму). Всушност, може да имате ефект врз нештата што се непосредно околу вас. Престанете да се грижите за големата слика и започнете со правење работи на кои што може да влијаете подобро.
  4. Работете на создавање култура (работи како литература, уметност, музика, начини на живеење) што отелотворува и слави либерални сознанија како толеранција, отворен ум, почит кон реалноста, лична одговорност.
Simon Sarevski

Симон Саревски
Либертаниа и Студенти за слобода