Повик за учесници: Џон Галт Битола

Повик за учесници: Џон Галт Битола

Џон Галт Школата претставува образовна програма за млади лица, кои се заинтересирани да го зголемат своето знаење и тоа во философијата на објективизмот промовиран од авторката Ејн Ренд.
Школата е бесплатна и за успешните учесниците е предвидена сертификат по завршувањето на школата, а секако и можности за дополнително меѓународно вмрежување и вклучување со школите од регионот.

Рокот за аплицирање е до 20 ОКТОМВРИ а сесиите ќе започнат од 29 октомври, еднаш неделно во просториите на Правниот факултет, Битола.

Преку работилници, читачки клубови и гледање филмови кои ќе се одржуваат еднаш неделно во попладневните часови ќе се потрудиме да го доближиме творештвото на Ејн Ренд.

Најактивните студенти на школата ќе бидат наградени со стипендии за учество на Ејн Ренд Конференцијата, која ќе се одржува во февруари во Варшава, Полска, на која ќе имаат шанса да се запознаат со останатите учесници на ваквите школи кои се одржуваат низ Европа.

Проектот го спроведува Либертаниа – Центар за современа полтика, Битола со поддршка на Балкански објективистички центар, Белград, Ayn Rand Institute Europe и Правен факултет Битола.