Проекција на филмот “Die Welle” на четвртата сесија од школата

Проекција на филмот “Die Welle” на четвртата сесија од школата

На 6 Мај 2019, на Правниот факултет во Битола се одржа четвртата сесија на Школата за Анти-авторитарни Студии – Стив Наумов, на која студентите го гледаа германскиот филм Die Welle (Бранот), и дискутираа по завршувањето на филмот.

Филмот е инпсириран од вистински настан кој се случил во 1967 во Америка, и раскажува приказна за професорот Вегнер, кој го предава предметот Автократија во средно училиште во Германија. Професорот со цел да ја долови суштината на автократијата и можноста за повторно доаѓање на политичка сцена, го иницира движењето Бранот, кое е поставено како авторитарно, и чии членови се учениците во класот. Движењето излегува надвор од контрола на професорот, а со самото тоа филмот завршува трагично.

Целта на филмот е да покаже на атрактивноста на секој вид на авторитаризам, дури и кога истиот не експлицитен, и секако да потенцира на опасноста која во себе ја носат авторитарните движења.

Proekcija na Die Welle

По завршувањето на филмот, Ратко Николиќ, претседател на Центар за анти-авторитарни студии од Белград, даде свој осврт за филмот и активностите кои тие ги преземаат на тематиката во Србија. По обраќањето на Ратко, студентите се вклучија во дискусија, полемизирајќи околу прашањата дали авторитаризмот е возможен во Македонија, зошто е привлечен особено за помладите, и кој ја носи одговорноста во случај на ескалација на ситуацијата.

На следната сесија, предавање ќе одржи еден од организаторите на школата и координатор за едукативни програми на Либертаниа – ЦСП, Никола Илиевски, кој ќе зборува за леви и десни изрази на авторитаризмот.