Предавање на професорот Бошко Караџов на тема “Крајот или враќање на историјата”

Предавање на професорот Бошко Караџов на тема “Крајот или враќање на историјата”

На 30 април 2019, на Правниот факултет во Битола се одржа третото предавање на Школата за Анти-авторитарни Студии – Стив Наумов, на тема Крајот или враќање на историјата, во изведба на Проф. Д-р. Бошко Караџов.

Bosko Karadzov

Студентите на школата имаа шанса да се запознаат со тезата на Френцис Фукујама за крајот на историјата, која што ја поставува западната либералната демократија како последна и крајна фаза во идеолошката еволуција на човекот. Во продолжение Караџов го истакна нејзиниот универзален карактер, како и тоа дека западниот пример на општествено-политичко уредување стана глобален модел. Исто така, беше споменета спротивната теза за враќање на историјата, која е протежирана од Роберт Каган, потенцирајќи на појавата на автократска оска во светски рамки, предводена од Кина и Русија.

Караџов се осврна и на либерните утопии како такви, подлабоко истражени во ремек делото на Роберт Нозик, Анархија, држава и утопија. Во продолжение, студентите имаа шанса да го направат Нозиковиот мисловен експеримент, со помош на Приказната за еден роб.

На следната сесија, која ќе се одржи на 6 мај, од 18 часот, студентите ќе го гледаат германскиот филм Die Welle, или Бранот, и ќе се запознаат со опасностите кои се поврзани со поведливоста на авторитарните и тоталитарните идеи. По завршувањето на филмот е предвидена дискусија, на која ќе се вклучи Ратко Николиќ од Центарот за анти-авторитарни студии во Белград.