На 29 октомври започна Школата за објективизам – Џон Галт во Битола, на тема Вовед во објективизам, а беше изведено од деканот на Правниот факултет во Битола, проф. Д-р. Горан Илиќ.
Професорот Илиќ им ги пренесе на учесниците основите на објективизмот, низ призмата на објективистичката метафизика, епистемологија, политика и етика. Тој наведе дека објективизмот претставува израз на современата тенденција за борба за слобода, како и за поттикнување на поединци кои што во секојдневниот живот се водат по принципите на објективизмот. Исто така, професорот навлезе подлабоко во историјата на слободарската мисла, потсетувајќи ги студентитите за зачетниците на класичниот либерализам, како и основните постулати.
Следното предавање ќе биде на 5 ноември, а предавач ќе биде Никола Илиевски, од Либертаниа – ЦСП, кој ќе зборува на тема радикален капитализам.