Прво предавање на Школата за анти-авторитарни студии Стив Наумов во Скопје


На 30 октомври започна Школата за Анти-авторитарни студии во Скопје, на тема Вовед во политика и идеологија, а беше изведено од професорот на Правниот факултет во Скопје, проф. Д-р. Ненад Марковиќ.

Професорот Марковиќ им ги пренесе на учесниците на школата основите на политиката и идеологијата. Тој го наведе потеклото на политиката како дејност, нејзиниот главен субјект-државата, како и современите политички идеологии, кој ги подели на затворени и отворени. Во отворените идеологии го вброја и либерализмот или класичниот либерализам, чија централна вредност е личната слобода, дефинирана како отсуство на физичка принуда.

Следното предавање ќе биде на 6 ноември, на Факултетот за бизнис економија во Скопје , а предавач ќе биде професорот Бошко Караџов, кој ќе зборува на тема Крај или враќање на историјата.