Се одржа годишната конференција “LibertyCon 2020” во Мадрид

Се одржа годишната конференција “LibertyCon 2020” во Мадрид

Од 6 до 8 март 2020 се одржа најголемата слободарска студентска конференција во Европа – ЛибертиКон во Мадрид, на која учествуваа околу 1000 студенти од целиот свет.

На три дневната конференција студентите имаа прилика да слушнат предавачи како Дејвид Фридман, Крег Бидл, Ренди Барнет и други, кои зборуваа за философските и економските оправдувања на личната слобода и слободниот пазар, и како и понудија слободарски одговори за современите глобални предизвици.

Конференцијата е во организација на Студенти за слобода (Students for Liberty). Либертаниа – ЦСП и Студенти за слобода – Македонија беа претставени од 2 учесници Симон Саревски и Кристина Ставревска. Повеќе информации за конференцијата можете да најдете на овој линк.