Се одржа студентската конференција Ayn Rand Con 2020 во Варшава

Се одржа студентската конференција Ayn Rand Con 2020 во Варшава

Од 14 до 16 февруари 2020 година, во Варшава, Полска, беше одржана втората по ред Ејн Ранд студентска конференција, во организација на Ејн Ранд Инситут од Калифорнија.

На конференцијата, учесниците имаа шанса да слушнат врвни говорници како Јарон Брук, Тал Сфани, Онкар Гејт, Елан Јорно, Арон Смит и други кои зборуваа на теми како ,,Разум, цел и себе-доверба: Клуч до подобар живот и општество,” ,,Доблеста на себичноста”, ,,Злото на алтруизмот,” ,,Капитализам против Етатизам,” ,,Слободна волја,” ,,Објективизам” и заклучното предавање ,,Како да бидете херој во вашиот живот.”

На конференцијата беа присутни околу 600 студенти од целиот свет, а меѓу нив и 25 студенти од нашата земја, кои се алумни на Школите за објективизам Џон Галт. Посетата на коференцијата беше организирана од Либертаниа – Центар за современа политика, која беше претставена од 3 нејзини координатори.

Покрај предавањата на конференцијата, студентите имаа шанса да се запознаат помеѓу себе и секако да се дружат за време на истата. 

Тимот на Либертаниа го интервјуираше Тал Сфани, претседател на Ејн Ранд институтот од Калифорнија, а интервјуто ќе имате шанса да го прочитате на нашата веб-страна.