Школа за анти-авторитарни студии – предавање на Бошко Караџов

Школа за анти-авторитарни студии – предавање на Бошко Караџов

На 6 ноември на Школата за анти-авторитарни студии – Стив Наумов во Скопје, се одржа второто предавање насловено како Крај или враќање на историјата, во изведба на професорот Д-р. Бошко Караџов.

Караџов ги претстави основните премиси на тезата на Фукујама за крај на историјата и идеолошка победа на либерализмот како идеологија и концептот на либералната демократија, како и стапицата на Фукујама, односно крајот на политичкиот романтизам. Во продолжение, професорот зборуваше и за Нозиковиот мастерпис, Анархија,  Држава и Утопија, а студентите учествуваа во мисловниот експеримент Приказната за еден роб. Завршувањето на сесијата беше проследено со коментари од страна на студентите, кои потикнаа дискусија, од една страна за моралноста на државата, а од друга, за потребата од нејзино ограничување и намалување.

Следната сесија ќе се одржи на 13 ноември, а студентите ќе имаат можност да учествуваат во читачкиот клуб на кој ќе го дискутираме есејот Civil Disobedience – H. D. Thoreau.