Слободарска вечер Битола

Слободарска вечер: Слобода на говор v.s. Говор на омраза


На 8 ноември во кафе Порта Џезз, се одржа Слободарска вечер на која што учесниците имаа прилика во неформална атмосфера да разговараат на тема Слобода на говор v.s. Говор на омраза

На настанот се разговараше за концептот на слобода на говор, говор на омраза, нивните меѓусебни односи, како и границите помеѓу истите. Се заклучи дека слободата на говор е фундаментален принцип во слободните општества, а говорот на омраза како категорија треба да биде ограничен, и дополнително дерегулиран, затоа што им остава простор на политичарите за злоупотреба на истиот. Се истакнаа повторно основните премиси на либертаријанската идеја, секако поткрепени од нужноста за институионално препознавање на различните слободи на граѓаните.