Извор; http://static.wikia.nocookie.net/

Социјалистичка Америка?

Без оглед на неуспехот кој го претрпе во 20-от век, идејата за социјализмот е сеуште жива (се разбира во друга форма). Ако погледнеме на прогресивната левица која се наоѓа на маргините на демократска партија во САД – луѓето како Берни Сандерс и Елизабет Ворен – ќе помислите дека тие се виновниците кои ја одржуваат идејата жива. Меѓутоа, ако фрлиме поглед на дебатите од 2020-та година каде демократите го избираа кандидатот кој ќе му се спротистави на Трамп, можеме да видиме колку всушност социјализмот е навистина жив. Безмалку сите кандидати ветуваа „бесплатни“ работи и бараа централно планирани решенија за сите проблеми со кои се соочува светот.

Сега веќе ех-претседателот Трамп, поради ужасната сигуација која се одвива во Венецуела превзема храбар чекор поттикнувајќи го светот да се „спротивстави на социјализмот и мизеријата која на носи“.Во 2019 пак, за време на говорот за „состојбата на унијата“ изјави дека САД „никогаш нема да биде социјалистичка земја“. Да се надеваме дека тоа и нема да се случи, но во исто време мора да прифатиме дека САД е далеку од идеална пазарна капиталистичка земја.  

За време на Големата рецесија од 2007 година забите на корпоративниот социјализам излегоа на виделина. Индустриите кои беа добро поврзани со политичката елита беа спасени, додека товарот падна на даночните обврзници. Како последица на кризата целиот финансиски систем се реогранизираше. Една од главните идеи зад реогранизацијата беше заштитата на големите банки од пропаѓање и намалување на нивниот пазарен удел. Секако, само десет години подоцна големите банки зграпчуваат поголем дел од питата во однос на 2007-та година. Секако, одговорот на владата и решенијата кои беа изнесени не беа бесплатни. Милтон Фридман велеше „не постои такво нешто како бесплатен ручек“, а тоа го докажа буџетскиот дефицит кој за прв пат во историјата на САД надмина еден трилион долари.

Предложените „решенијата“ го родија фискално конзервативното „Ти Парти“ движење. Како што времето убива се, така уби дел од гласовите на движењето. Но што е уште поважно, кога луѓето избраа лидер кој беше еден од нив, оние чии гласови беа сеуште живи одлучија да премолчат кога трошењето на она што го немаме продолжуваше и се зголемуваше. Како пост-кризното трошење да не беше доволно, само во три од единаесетте години буџетскиот дефицит не ја пречекори стапката од еден трилион долари, од кои ниту една не беше во времето на претседателството на Трамп.

Но корпоративниот социјализам е толку вкоренет во системот да и ретко е важно кој е претседател. Кога Амазон отиде на „шопинг“ за нова централа платена од страна на даночните обврзници, беше неверојатно какви непријатели беа се најдоа на истата страна. Такер Карлсон, Александра Окасио-Кортез, како и изреволтираните протестнати беа збеснати од субвенциите и помошта која му беше понудена на Амазон. За жал, иако Џеф Безос и Амазон, како и секоја рационална индивидуа само ја играа играта, вината падна на нив, а системот и политичарите кои овозможуваат играта да се игра на таков начин останаа некзанети. За време на COVID-19 пандемијата ситуацијата се повторува каде што само големите бизниси се виновни (пред се за тоа што растат уште поголеми). Во исто време забораваме дека на големите бизниси им беше овозможено да напредуваат и растат затоа што во име на сигурноста и заштитата, владите не им дозволија на малите бизниси да работат.

Како што напоменав, ретко кога е важно кој претседател е на власт. Се разбира Обама имаше многу социјалистички моменти како на пример кога им велеше на луѓето дека тие не се виновни за успехот и она што го создале. Но се разбира, врвот го достигна со „Обамакер“. Законот за социјалистичко здравство преживеа менување на моќта во претставничкиот дом, во сенатот, и секако нов претседател и сето тоа малку допринесе за негово менување. Републиканците ветуваа „укинување и замена“ и во последните неколку години успеаја да имплементираат мали промени, но, да не заборавиме дека кога Републикaнците дојдоа најблиску до вистинска промена, токму „палците надолу“ на Џон Мекејн го оневозможија „укинувањето и замената“.

Од друга страна пак, Трамп уште од првиот ден избра различен вид на социјализам во форма на трговска војна. А што друго претставува трговска војна ако не дискреционо  бирање на победници и губитници? Откако иницијалната прашината која се крена се расчисти и трошокот од трговската војна падна на малите фарми, програма за спасување беше најавена. И секако, сопствениците на малите фамилијарни фарми беа зачудени кога голем дел од помошта отиде во рацете на големите корпорации. Без оглед што потоа следеше потпишување на „победнички“ трговски договор, штетата веќе беше направена и фармерите зависеа од државна помош.

Секако, Трамп не запре тука. Како што не и се гледа крајот на COVID-19 кризата, така не им се гледа и крајот на буџетските дефицити. На оние $2 трилиони од Мај 2020-та година беа додадени уште $900 милијарди во декември (претседателот Џо Бајден додаде уште $1.9 трилиони во неговиот COVID-19 план). И иако Трамп не стигна да прости ниту дел од  студетнските долгови, сепак тие беа вметнати во оригиналниот план од декември. По се изгледа дека ниту Трамп, ниту пак јавноста научи од фијаското со трговската војна дека интервенирањето на пазарот не само што не успева да ги постигне посакуваните резултатите, туку поради несаканите последици крајниот резултат е  помалку посакувана состојба од онаа што се надеваме да ја промениме.

Не би рекол дека Трамп е најлошиот вид на социјалист, но сепак е социјалист со мало ‘с’. Ако верувате дека изборите од 2020-та година беа како што Трамп кажа кога ја прифати номинацијата престојните избори од страна на републиканците „борба помеѓу социјализмот и амерканскиот сон“, тогаш вие сте грешка. Како што Мартин Лутер Кинг велеше, системот не е ништо друго освен „социјализам за богатите и наместен слободен пазарен капитализам за сиромашните“. Јас би додал дека Трамп, како и сите претседатели претходно само запчаник во тркалото.Ако сеуште не ве имаат убедено зборовите на Кинг, неодамнешната борба на „Вол Стрит наспроти Мејн Стрит“  може да го направи токму тоа.

Социјализам е систем во кој средствата за производство се поседувани од страна на државата. Понатаму, држата е таа која бира што, како и за кој да се произведува. Секој оној кој знае барем малку историја е запознаен со наследството на социјалистичките експерименти од 20-от век. Најверојатно затоа иако Трамп ги загуби неодамнешните избори, тој го доби гласот на доселениците од Куба и Венецуела. Луѓето кои имаат искуство од прва рака со „чудото“ на социјализмот имаат тенденција да бегаат од него. Во последните години, пошироката левица беше поприлично ужасна на ова поле што направи многу лесно за критикување. Дури и со реториката на трговската војна, тие успеаа да бидат во центарот на вннимание.

Иако патот до пеколот постоеше многу пред Трамп да дојде на власт, тој не само што го одеше, туку помогна и во негово дополнително градење. Ова ќе претставува уште поголем проблем бидејќи вие не можете да бидете против ектра трошење и социјалистички програми само кога сте во опозиција. Бајден велеше дека е против владеење со извршни наредби, откако е претседател тоа му е омилениот начин на владеење. Иако ниту сто денане е на власт, тој потпиша дури триесет и седум извршни наредби. Со Бајден на чело, единственото прашање е колку неговата администрација ќе го зголеми ‘с-то’ на социјализмот

Трудот е оригинално напишан на англиски јазик и е објавен на Austrian Economic Center, а можете да го најдете тука.