извор: http://ukrainesolidaritycampaign.org/

Стоп за репресијата врз активистите и медиумите во Белорусија

Во текот на изминатите неколку месеци, лидерот на Белорусија, Александар Лукашенко, превзеде екстремни мерки за да остане на власт. Ова го вклучува и неодамнешното, наводно, киднапирано патничко летало одобрено од државата. Веруваме дека ужасниот инцидент со апсењето на г. Пратасевич и неговата девојка Софија Сапега, е срамен напад и врз политичкото несогласување и врз слободата на печатот.

Независните медиуми се основен столб за поддршка на владеењето на правото и витална компонента на демократското општество. Функциите на печатот се да обезбедат платформа за изразување на ставови од страна на јавноста и да обезбедат континуиран развој на демократско владеење.

Со месеци, белорускиот народ направи да се слушне нивниот глас – бара демократија, почитување на човечкото достоинство и зачувување на основните слободи. Активистот на Студенти за слобода од Белорусија, Пјотр Маркилау, е еден од нив. Тој водеше кампања за слободна Белорусија со години и беше уапсен четири пати правејќи го тоа во рамките на сегашниот режим. 

Откако Белорусија го пренасочи авионот на Рајанер, лет 4978 од Атина, Грција, меѓународната заедница побрза да наметне нови санкции врз Минск.

„Лукашенко пропагира терор во Белорусија и во странство. Мислам дека е одлично што меѓународната заедница даде не само силни изјави, туку презеде и вистински акции. Лукашенко и неговиот режим треба да разберат дека ова ќе има сериозни последици. Можеби нема да доведат до брза промена во земјата, но овие мерки се императив.” – Пјотр Маркилау

Заедницата на Студенти за слобода го осудува тековното малтретирање и произволното притворање на новинарите под режимот на Лукашенко. Ние стоиме со белорускиот народ во нивните аспирации за слободна, демократска и просперитетна иднина и го поддржуваме нивниот повик за режимот да ги почитува нивните основни слободи.

Студенти за слобода им се придружуваат на земјите и организациите ширум светот во барањето за ослободување на г. Пратасевич, како и за ослободување на стотиците политички затвореници кои неправедно се притворени од режимот на Лукашенко.

Студенти за слобода ќе продолжат да бидат заедно со народот на Белорусија во нивната борба.

За повеќе информации околу моменталната состојба во Белорусија, погледнете го видеото Belarus Dictatorship, Explained.

Извор: https://studentsforliberty.org/north-america/blog/students-for-liberty-calls-to-end-the-repression-of-civil-rights-activists-and-independent-media-in-belarus/