Студенти за слобода (Students for Liberty) е најголемата слободарска или либертаријанска студентска организација во светот, по број на лидери, земји од кои доаѓаат и организирани настани.
Нудиме високо ниво на разбирање на идеите на слободата и можност за јасно и ефикасно објаснување на економската и философската логика позади каузата зад која стоиме.
Слободата создава подобар свет и пораката која ги придружува овие идеи е позитивна и инспираторна.
Целта е промоција на идеите на лична слобода, слободен пазар и просперитетно општество.
Мисијата е образование, развој и оспособување на следните генерации на слободарски лидери.
Визијата е послободна иднина.
Доколку сте заинтересирани да станете дел од Студенти за слобода, пријавете се на програмата за Локален координатор тука, и приклучите се кон илјадници студенти од повеќе од 100 земји кои организираат бројни настани и кампањи за слобода секоја година.

Студенти за слобода Македонија (Students For Liberty Macedonia) е студентска организација, дел од светската мрежа на Студенти за слобода, активна од 2014 година, со повеќе од 10 лидери и организирани 3 конференции, 4 школи, 6 преводи на книги, 4 лидерски форуми и голем број на помали настани и неформални дружења.
Во Студенти за слобода, студентите добиваат шанса:
- да го почувствуваат духот на студентскиот активизам,
- да ја зајакнат својата улога во донесувањето на одлуки во општеството,
- да се надоградат академски и професионално,
- да го почувствуваат начинот на трансформација на идеите во конкретни акции,
- да придонесат во заштитата на човековите права и слободи,
- да се дружат со студенти од целиот свет,
и тоа преку организација и учество на најразлични активности од тип на предавања, семинари, конференции, школи, помали настани, неформални дружења и слично.
Никола Љ. Илиевски и Кристина Ставревска
дел од тимот на Либертаниа и Студенти за слобода