СЗО и алкохолот
извор: Drew Beamer on Unsplash

СЗО и алкохолот

Без оглед на COVID-19 кризата во која се наоѓаме, Светската здравствена организација работи со полна пареа. Здравствените проблеми не застануваат со COVID-19, па затоа СЗО се обидува да развие  план за акција за решавање на проблемите од  штетната по нашето здравје потрошувачка на алкохол. Тие излегоа со предлог-документ за можните решенија и побараа мислење од граѓанскиот сектор низ целиот свет. Ако се погледне предлогот подетално, по се изгледа дека главниот заклучок е зголемено оданочување на алкохолот, кое го сметаат за лек за намалување на потрошувачката и воедно штетата од алкохол.

Оданочување, потрошувачка и замена

Основенот закон во економијата вели дека зголемување на цената на добрата и услугите е проследено со нивна намалена потрошувања. Таков е случајот и со алкохолот кога претрпува зголемено оданочување. Меѓутоа, иако зголемено оданочувањее води до намалување на легалната потрошувачка на алкохол, тоа со себе повлекува  и промена во однесување на потрошувачите. Дури и во екстремни случаи при целосна забрана на легално производство и потрошувачка како за време на бурните дваесети години на дваесетиот век во САД, ниту производството, ниту потрошувачката престануват да бидат дел од општеството. Од друга страна, и кога законите се помалку екстремни, негативните ефекти кои ги носат со себе можат да се забележат насекаде. 

Производствотго кое се движи надвор од легалната сфера повеќе не се придржува на стандардите за квалитет што ја прави потрошувачката поризична. Во исто време, луѓето го прилагодуваат своето однесување и трошат помалку на алкохол во јурисдикции каде што тоа е поскапо и обратно. За земја како Македонија тоа е можеби премногу непоимлив концепт, меѓутоа во земјите од Северна Европа драстичните разлики во цени отворија пат за цела нова индустрија, често нарекувана “Шведско алкохолно крстарење“. На тој начин, дури и кога зголеменото оданочување води до општо намалување на потрошувачката на алкохол, тоа не е сосема намалено. Во исто време, јурисдикцијата со зголемени даноци има се помалку средства за справување со здравствените проблеми индуцирани од алкохол.

Зголеменото оданочување исто така ја намалува ценовната разликка помеѓy брендовите што е во полза на поскапите, веќе етаблирани брендови. Кога би претпоставиле дека цената и квалитетот се во корелација, тогаш може да се каже дека зголеменото оданочување доведува до зголема потрошувачка на поквалитетен алкохол на легалниот пазар. Проследено со релативно намалената потрошувачка, оние кои се залагаат за зголемено оданочување на алкохолот би можеле да прогласат победа.

Но, приказната не застанува тука. Дури и кога би ги отфрлиле негативните ефекти од одредена промена во однесување кои беа спомнати претходно, намалувањето на потрошувачката не е еднаква во секоја категорија во општеството. Хроничните алкохоличари не престануваат да пијат кога цените растат. Она што се случува е занемарливо намалување на потрошуивачката и штетата по здравјето, додека во исто време тие остануваат со помалку пари во своите џебови, пари потребни токму за лекување индуцирано од потрошувачката на алкохол.  На тој начин, политика наменета да ги намали штетните ефекти од потрошувачката на алкохол фокусирана на намалување на потрошувачката по глава на жител, ја израмнува потрошувачката со штета, а не прекумерната потрошувачка која всушност е причината за штетата. На тој начин повредените страни се оние на кои “помошта им е најпотребна“.

Друга група која се заборава со овој пристап се најлмадите. Тинејџерите немаат многу пари на располагање, ниту пак потрошувачката им е дозволена, а сепак тие пијат. Бидејќи потрошувачката на поквалитетен алкохол е во корелација со доходот, тинејџерите пијат релативно ниско квалитетен алкохол. Тоа сум го правел јас. Тоа го правеше целата моја генерација. Економскиот концепт не ми дозволува да верувам дека работите се променети денеска. 

Кога сме соочени со повисока цена, не како резултат на економската ситуација туку оданочувањето под превезот на “заштита на трети лица“ се јавува “ефектот на забрането овошје“, пред се кај групите кои мразат авторитет. Па така, јавна политика со цел да се намали потрошувачката води до сосема спротивни ефекти кај една од најранливите категории во општеството. По се изгледа, ако победата беше прогласена, таа беше програлсена прерано.

Решение

Луѓето низ целиот свет гледаат со недовреба на многу од работите што нивните влади пропагираат. Во САД во 1970-те години директивите за исхрана направија хаос, а негативните ефекти се пренесоа и го здбелија целиот свет. Што е најтрагично, овие директиви никогаш не беа целосно променети и прилагодени на она што науката го има да го понуди. Јавните политики за алкохол, пред се оние кои се фокусираат на зголемено оданочување не се ништо поразлични. Таква политика ќе биде уште помалку прифатена кога доаѓа од меѓувладина организација како СЗО, која ги игнорира различните култури  во нивниот “исто за сите“ пристап. Особено не од организација која троши огромни суми за патување и која не се покажа во најдобро светло за време на COVID-19 кризата, често фокусирајќи се на политика а не на решавање на проблемите. 

Иако пушењето беше веќе прифатено во секојдневниот живот, многумина почнаа да пушат бидејќи нивните омилени холивудски ѕвезди ќе запалеја пред камера. Многу е променето од холивудската “златна ера“, но ѕвездите останаа ѕвезди, само нивните имиња се променија. Како тогаш, така и денес луѓето повеќе ќе му веруваат на Двејн Џонсон за водење на поздрав живот отколку на некои владини или меѓувладини тела или бирократи. Ако сакаме да видиме намалување на прекумерната потрошувачка, пред се кај најмладите, тоа треба да започне со нивните идоли, без разлика дали се тоа спортисти, холивудски или поп ѕвезди. Во модерното време и моќта на социјалните медиуми тоа и се случува.

Заклучок 

Јавната политика за алкохол, како и секоја друга јавна политика треба да биде во јавниот интерес. Кога се работи за алкохол или било кој друг ‘порок’ даночната политика не треба да оди подалеку од покривањето на екстерните трошоци од потрошувачката на порокот, односно да ја премине линијата каде каде што јавнииот интерес и тиранијата се среќаваат. Кога се работи за штетните ефекти од алкохолот, наместо да се фокусираат на работите кои едвај можат да се измерат и контролираат, СЗО треба да се фокусира на прекумерната потрошувачка и евентуално менување на културата. Бидејќи, во зборовитре на К.С. Луис, „од сите тирании, тиранија применета за доброто на своите жртви можеби е најжестока“.

Симон Саревски,
Либертаниа и Студенти за слобода