За нејзино есенцијално прифаќање, мнозинството мора да биде убедено со идеологија дека нивната власт е добра, мудра, и во најмала рака нужна и подобра варијанта од можните алтернативи. Промоцијата на оваа идеологија е најбитна општествена задача на ,,интелектуалците.” Целта е широките народни маси да не создаваат свои идеи, или да размислуваат независно, туку да ги следат пасивно оние на ,,интелектуалците,” - создавачите на јавното мислење во општеството. И се додека создавањето на јавното мислење е суштинска потреба на државата, основите за долготрајно сојузништво меѓу државата и интелектуаците се јасни.