Како државата ги надминува ограничувањата
Дизајн на корица: Ѓорѓи Димитров

Како државата ги надминува ограничувањата

Со примена на наведените начини, Државата има покажано одлучувачки талент во проширувањето на своите моќи, над секои ограничувања кои се предвидени. Се додека Државата, неопходно живее од принудна конфискација на приватен капитал, и се додека нејзиното ширење неопходно подразбира засилени упади врз физичките и правни лица, мора да заклучиме дека по природа е анти-капиталистичка. Нашата позиција е спротивна на Марксистичкиот проглас дека државата е извршниот комитет на владеачката класа во денешно време, капиталистите под претпоставка. Напротив, Државата - организацијата на политичките начини - ја воспоставува владеачката класа (попрецизно, владеачката каста), и е во трајно ривалство со изворно приватниот капитал.

0 Comments