Како државата ги надминува ограничувањата
Дизајн на корица: Ѓорѓи Димитров

Како државата ги надминува ограничувањата

Со примена на наведените начини, Државата има покажано одлучувачки талент во проширувањето на своите моќи, над секои ограничувања кои се предвидени. Се додека Државата, неопходно живее од принудна конфискација на приватен капитал, и се додека нејзиното ширење неопходно подразбира засилени упади врз физичките и правни лица, мора да заклучиме дека по природа е анти-капиталистичка. Нашата позиција е спротивна на Марксистичкиот проглас дека државата е извршниот комитет на владеачката класа во денешно време, капиталистите под претпоставка. Напротив, Државата - организацијата на политичките начини - ја воспоставува владеачката класа (попрецизно, владеачката каста), и е во трајно ривалство со изворно приватниот капитал.

0 Comments
Анатомија на државата: Како државата сама се чува
Извор: https://mises.org/library/anatomy-state-0

Анатомија на државата: Како државата сама се чува

За нејзино есенцијално прифаќање, мнозинството мора да биде убедено со идеологија дека нивната власт е добра, мудра, и во најмала рака нужна и подобра варијанта од можните алтернативи. Промоцијата на оваа идеологија е најбитна општествена задача на ,,интелектуалците.” Целта е широките народни маси да не создаваат свои идеи, или да размислуваат независно, туку да ги следат пасивно оние на ,,интелектуалците,” - создавачите на јавното мислење во општеството. И се додека создавањето на јавното мислење е суштинска потреба на државата, основите за долготрајно сојузништво меѓу државата и интелектуаците се јасни.

0 Comments
Анатомија на државата: Што е државата
Извор: https://mises.org/library/anatomy-state-0

Анатомија на државата: Што е државата

Еден од начините на раѓање на државата може вака да се илустрира: во ридовите на јужна ,,Руританија,” една банда успева да одржи физичка контрола (власт) врз територијата, и конечно главниот на бандата прогласува ,,Суверено кралство и независна власт на Јужна Руританија”; и нормално тој и неговите луѓе продолжуваат да користат насилство за да го одржат своето владеење, новата држава се приклучува во ,,фамилијата на нациите,” а поранешните водичи на бандата се преобразуваат во благородништво на кралството.

0 Comments