извор: case-research.eu

Либертаријански тинк-тенкови помеѓу најдобрите во светот

Тинк-тенк индексот за 2020 година и либертаријанските организации

I дел: Либертаријански тинк-тенкови помеѓу најдобрите во светот

Според Светскиот тинк-тенк индекс (Global Go To Think Tank Index 2020), тинк-тенкови претставуваат организации кои делуваат преку истражување, анализа, поврзување и застапување на јавни политики. Тие овозможуваат властите и јавноста да носат одлуки базирани на факти и знаење. Може да бидат независни или зависни институции, и структуирани како трајни тела или ад-хок комисии. Служат како мост помеѓу академските и политичките заедници (мост помеѓу знаењето и моќта), како и меѓу државите и граѓанското општество, секако служејќи му на јавниот интерес. Истите ги толкуваат истражувањата на јазик кој е разбирлив, доверлив и достапен за јавноста и властите. Слично, како и економските, или профитните субјекти (фирмите), и тинк-тенковите делуваат во бизнис сферата, и тоа онаа на продавање идеи

Индексот кој ги мери перформансите и влијанието на тинк-тенковите е издаден од Универзитетот во Пенсилванија, за прв пат во 2006 година, и континуирано се издава секоја година (со резултати од претходната година). Индексот за 2020 година претставува 15-то издание, излегува на крајот од јануари 2021-ва и во него се содржат (анализираат, споредуваат, рангираат и истражуваат) 11.175 тинк-тенкови од целиот свет. 

Градирањето на тинк-тенковите е изразено во неколку категории, и тоа како: независни и квази-независни, поврзани во влада (владини) и квази поврзани со влада, поврзани со универзитет (универзитетски), поврзани со политичка партија (партиски) и корпоративни (профитни) тинк-тенкови

Во однос на областа во која делуваат се поделени: транспарентност и добро владеење; одбрана и национална безбедност; економски политики; образовни политики; енергија и ресурси; животна средина; надворешна политика и меѓународни прашања; здравствени политики; глобални здравствени политики; меѓународен развој; меѓународни економски политики; наука и технологија; социјални политики; безбедност на вода; и безбедност на храна

Дополнително, истите се категоризираат и според посебни постигнувања, како: најдобра кампања на застапување; најдобар корпоративен тинк-тенк; најдобар владин тинк-тенк; најдобра институционално приспособување и одговор во услови на ковид-19; најдобра институционална соработка, која вклучува 2 или повеќе тинк-тенкови; најдобро управуван тинк-тенк; најдобра нова идеа или парадигма развиена од тинк-тенк; најдобар нов тинк-тенк; најдобар тинк-тенк за истражување на вештачка интелегенција; најдобар истражувачки извештај од тинк-тенк; најдобри оперативни политики и процеси развиени како одговор на ковид 19 пандемијата; најдобра конференција; најдобра мрежа; најдобар партиски тинк-тенк; најдобра мултидисциплинарна истражувачка програма; најзначајно влијание врз јавната политика; најдобри тинк-тенкови со годишен буџет помал од 5 милиони долари; најдобри практики за осигурување на квалитет, независност и интегритет во истражување на политики; најдобри регионални студии на политики (универзитетски тинк-тенк); и најдобар истражувачки центар за регионални студии на политики (независен тинк-тенк).

Методолигијата за успешноста на тинк-тенковите, се содржи од неколку групни показатели, и тоа: показатели на ресурси; показатели на корисност; показтели на аутпути и показатели на влијание.

Како либертаријански (либерални, класично-либерални, слободарски и сл.) можат да се поистоветат оние чија мисија експлицитно или имплицитно, повеќе или помалку, е поврзана со образување, истражување, поврзување и застапување на идеите, вредностите, принципите и политиките на лична слобода, слободен пазар и слободно општество, како и останатите кои произлегуваат од концептот на либерална демократија и ограничена држава. 

Она што Ротбард го нарекува кадар (cadre), и Хајек, што го нарекува дилери на идеи од втора рака  (second hand dealers of ideas) претставуваат центрите (организациите, движењата, тинк-тенковите) кои треба ги промовираат слободарските идеи, и секако да мобилизираат и создаваат заедници, кои би ги убедувале широките маси во исправноста на идеите, кои пак дополнително би ги притиснале политичките елити кон посакуваните промени. Во современи услови, либертаријанските организации, повеќе или помалку ја имаат таа улога на емитери и застапници на тие идеи.

Во индексот, и конкретно во првата категорија на најдобри тинк-тенкови на светско ниво, се појавуваат 27 либертаријански организации (од вкупно 174 тинк-тенкови), секако класифицирани како такви, врз основа на претходна анализа на нивната мисија. Тоа се:

Heritage Foundation, од САД, на 13-то место,

Fraser Institute, од Канада, на 14-то место,

Korea Development Institute (KDI), од Јужна Кореа, на 16-то место,

Asian Development Bank Institute (ADBI), од Јапонија, на 24-то место,

Cato Institute, од САД, на 27-мо место,

American Enterprise Institute (AEI), од САД, на 39-то место,

Institute of Economic Affairs (IEA), од Велика Британија, на 66 место, 

Libertad y Desarrollo (LyD), од Чиле, на 70-то место,

Centre for Civil Society (CCS), од Индија на 83-то место,

Association for Liberal Thinking (ALT), од Турција на 90-то место,

Centro de Estudios Públicos (CEP), од Чиле, на 95-то место,

Hudson Institute, од САД, на 107-мо место,

Center for Free Enterprise (CFE), од Јужна Кореа, на 108-мо место,

Centre for Independent Studies (CIS), од Австралија, на 118-то место,

Free Market Foundation (FMF), од Јужна Африка, на 123-то место, 

– Lithuanian Free Market Institute (LFMI), од Литванија, на 126-то место,

Adam Smith Institute (ASI), од Велика Британија, на 129 место, 

Istituto Bruno Leoni (IBL), од Италија, на 132 место,

Mercatus Center, од САД, на 134-то место,

Centro de Estudios de la Realidad Económica y Social (CERES), од Уругвај, на 135-то место,

Hoover Institution, од САД, на 136-то место,

Centre for Liberal Strategies (CLS), од Бугарија, на 141-во место,

Friedrich Naumann Foundation for Freedom (FNF), од Германија, на 150-то место,

Institución Futuro, од Шпанија, на 152 место,

Acton Institute for the Study of Religion and Liberty, од САД, на 156-то место,

Centro de Investigaciones Económicas Nacionales, од Гватемала, на 164-то место,

Fundación Libertad, од Аргентина, на 174 место.

Секако, наведените не се единствените либертаријански организации кои се појавуваат во индексот, туку постојат и други кои не се дел од најдобрите, но се во останатите градирања, врз основа на издвоените категории. Во вториот дел, ќе бидат изложени либертаријанските организации и нивната позиционираност, според останатите категории од индексот.