На 25-ти октомври 2023 година започна новата итерација на Школа за објективизам – Џон Галт 2023 во организација на Центарот за современи политики Либертанија и со поддршка на Ayn Rand Center Europe и Prometheus Foundation.
Школата како неформална академска образовна програма има за цел запознавање на македонската стручна и општа јавност со филозофските идеи и книжевните дела на руско-американската писателка и филозоф Eјн Ренд (анг. Ayn Rand). Истата предвидува 8 (осум) сесии во кои дваесетина селектирани учесници ќе се запознаат со нејзините филозофски концепти, социјални вредности, идеали и книжевни остварувања со цел актуализација на вредностите на индивидуализмот и слободата во македонското општество и култура.
После првата сесија со која проф. д-р Бошко Караџов со воведното предавање со наслов: Вовед во Објективизам и Филозофија. Во него проф. д-р Караџов ги запозна учесниците со книжевните и филозофските дела на Ејн Ренд, како и со основите на нејзиното учење – објективизмот. Поточно, во рамките на првата сесија се говореше за нејзината метафизика без метафизичкото, за разумот како основа на човековото постоење и цивилизациското напредување, за доблеста на егоизмот и за улогата на уметноста во изразувањето на апстракните и концептуални вредности. Школата продолжува со втората сесија на 1-ви Ноември каде на учесниците ќе им се обрати Никола Г. Петровски кој ќе зборува за животот на Ејн Ренд и нејзината потрагата по Американскиот сон.