Школа Џон Галт: предавање на тема Радикален капитализам


На 5 ноември на Школата за објективизам – Џон Галт во Битола, се одржа второто предавање Радикален Капитализам од страна на Никола Илиевски, еден од организаторите на школата и докторанд на политички науки.

Никола Илиевски ги воведе студентите во тоа што значи капитализам, неговата поставеност врз човековите права на живот, слобода и сопственост, како и улогата на државата во капиталистичко општество. Понатаму, беа изложени и основните премиси на leissez – fair капитализмот, како и потребата за ограниченост на државата и таканаречен економски секуларизам. По предавањето следеше дискусија за видовите на капитализмот, како и типологизацијата која ја дава Ранд за човекот во денешните општествени односи, на producer, looter и parasite.  

Следната сесија ќе се одржи на 12 ноември, а наместо предавање ќе се организира работилницата Лидерски атлас.