Извор: www.stage.worldlifestyle.com

Додека светот се соочува со пандемијата наречена “COVID-19”, нејзината масовна популарност и опсесија во медиумите, паранојата која се создаде поради тоа, и последиците кои без сомнеж, ќе остават длабок белег врз човештвото, наидов на една интересна статија која отвара нова перспектива кон сето ова.

Имено, во минатото, пред 50-тина години, постоела уште една смртоносна епидемија на грип во САД, многу слична на денешнава. Грипот се раширил од Хонг Конг во Соединетите држави, пристигнувајќи во декември 1968 година, достигнувајќи го својот пик една година подоцна. На крајот, починале околу 100.000 луѓе во САД, претежно над 65 годишна возраст, и еден милион низ целиот свет. Демографски гледано, во однос на смртноста, тој вирус бил исто толку смртоносен и застрашувачки како “COVID-19”, ако не и повеќе, иако ќе мора да почекаме и видиме.

Додека траела ,,H3N2” пандемијата, ништо не се затворило. Училиштата останале отворени. Исто така и бизнисите. Можело да се оди на кино. Можело да се оди во барови и ресторани. Луѓето не биле свесни дека славниот концерт на Вудсток во Август, 1969 година – кој бил планиран во Јануари во текот на полошиот период на смртност – всушност се случил за време на смртоносната Американска пандемија на грип, која го достигнала нејзиниот пик на глобално ниво само шест месеци подоцна. 

Како во тој период берзите не се срушиле, конгресот не вовел никакви уредби, а Федералните резерви на САД не превзеле ништо? Зошто ниту еден гувернер не дејствувал за воведување на мерки за социјално дистанцирање, ниту забрана за групирање?

Интересни факти од тој период: Ниту една мајка не била уапсена за носење на децата во други домови. Ниту еден сурфер не бил уапсен. Ниту една градинка не била затворена, иако имало повеќе смртни случаи кај децата со тој вирус спрема овој со кој се соочуваме сега. Немало самоубиства, немало невработеност, немало предозирање со наркотици/лекови. 

Единствените активности што ги презеле владите биле да се соберат податоци, да обзервираат и да чекаат, да поттикнат тестирања и вакцини, итн. Медицинската заедница ја презела примарната одговорност за ублажување на болеста. Нашироко се верувало дека болестите бараат медицински, а не политички одговори.

Тогашната генерација сфатила дека помалку ранливите луѓе што се заразиле, не само што ги зајакнале имунoлошките системи, туку и придонесле за ублажување на болеста со постигнување на “колективен имунитет”. 

Медиумите информирале за пандемијата, но таа никогаш не станала масовен проблем. 

И тука доаѓаме до клучното прашање: Зошто со оваа пандемија се постапува сосема различно? Ќе се обидуваме да го дешифрираме ова со децении.

Дали разликата е во тоа што ние имаме масовни медиуми кои влијаат врз нашите животи со бесконечни известувања што на секои 5 минути ни ги бомбардираат со информации? Или се случи промена во филозофијата на нашето размислување до тој степен што сега мислиме дека политиката е одговорна за сите постоечки аспекти на животот? Дали постои елемент на политика против Трамп? Или нашето прекумерно обожавање на предвидливото моделирање излезе толку вон контрола до тој степен што му дозволивме на еден ФИЗИЧАР со апсурдни модели преку страв да ги натера владите во светот да ги кршат човековите права на милијарди луѓе?

Можеби сите овие се фактори. Или можеби во игра е нешто потемно и злобно, како што сметаат теоретичарите на заговор.

Во секој случај, сите ќе мораат да дадат објаснувања. 

Ако тогаш имало целосни затварања од владите како што ги имаме сега, Вудсток (кој ја промени музичката сцена засекогаш и сèуште одекнува и ден денес) никогаш не би се случил. Колку од просперитетот, културата, технологијата, итн., се губи во оваа катастрофа? Што се случило од тогаш до сега? Дали се изгубило некое древно знаење, како во случајот со ,,скорбут”, кога некогаш поседувавме софистицираност, па знаењето се изгубило и морало повторно да се открие? 

Поради “COVID-19” пандемијата, се вративме на средновековниот стил на разбирања и политики, иако живееме во 21 век. Сето ова е многу чудно.

Контрастот помеѓу 1969 и 2020 година не може да биде повпечатлив. Тие го направиле спротивното од денешните влади, со далеку поуспешен краен исход. 


Повеќе информации и фотографии на следните линкови:
Woodstock Occurred in the Middle of a Pandemic
Колективен имунитет
30 Rare Photos From Woodstock
Woodstock 1969

Кристина Ставревска,
дел од тимот на Либертаниа – ЦСП и Студенти за слобода