За нас

Либертаниа – Центар за современа политика е невладино, непрофитно и непартиско здружение на граѓани, формирано во 2015 година од студенти на Правниот факултет во Битола.

Мисија

Нашата мисија е образование и промоција на идеите на лична слобода, слободен пазар и слободно општество, преку активно вклучување на млади лица и поттикнување на слободарска соработка.

Визија

Нашата визија е да поттикнеме создавање на слободарска заедница во која ќе се разменуваат и споделуваат идеите на лична слобода и слободно општество, која е дел од светското слободарско движење.

Цел

Наша цел е промена на сегашното во послободно општество, на мирољубив начин со помош на образование и создавање на слободарски заедници.

Идеја

Наша идеа е слободно општество втемелено на мирољубива соработка, владеење на право, слободен пазар и ограничена, одговорна или алтернатива на држава.

Запознајте го нашиот тим

Nikola Ilievski

Никола Љ. Илиевски

Секретар и Програмски директор
Докторант на политички студии на УКИМ-Скопје. Магистрирал на меѓународно право на Правниот факултет во Битола каде 4 год. работел и како демонстратор. Член на Студенти за слобода од 2014 и моментално Национален координатор. Ко-основач на Либертаниа и Програмски директор и уредник на блогот. Помлад соработник во меѓународното научно списание Journal of Liberty and International Affairs. Завршува магистерски курс по мировни студии на Универзитетот во Осло како и летна школа по политичка философија и економија на Карловиот универзитет во Прага.
Контакт
Simon Sarevski

Симон Саревски

Заменик секретар и Програмски соработник
Програмски асистент во Либертаниа - ЦСП и постар координатор во Студенти за слобода. Тој е дипломиран економист на одделот финансиски менаџмент при универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје. Дел е од меѓународната студентска слободарска организација Суденти за слобода од 2016 година. Неговите текстови се објавени во Austrian Economics Center, Foundation for Economic Education, Mises Institute, како и на блогот на Студенти за слобода, Speak Freely. Исто така, дел од неговите текстови се преведени и објавени на грчки, корејски и португалски.
Контакт

Никола Г. Петровски

Претседател и односи со јавност
Ко-основач на Либертаниа и Студенти за слобода Македонија. Работел две години како координатор за комуникации и членство во Национален младински совет на Македонија. Поранешен Локален и Национален координатор во Студенти за Слобода - Европа (2013-2017) и демонстратор на Правниот факултет (2012-2015). Магистрирал насока Меѓународно право на Правниот факултет на УКЛО, Битола. Има искуство во подготовка и реализација на различни поректи од различни донатори од Европа и САД.
Контакт

Бошко Караџов

Научен соработник
Професор по филозофија и научен истражувач. На Институтот за филозофија при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје ги комплетирал постдипломските (магистерски) и докторски студии во областа на современата епистемологија и социологијата на познанието. Повеќе од десетина години работел како наставен соработник (асистент) по Политичка филозофија и Методологија на научните истражувања на Факултетот за политички науки и Факултетот за правни науки при Европскиот универзитет–Р.М. и како наставник (доцент) по Епистемологија и методологија на општествените и хуманистички истражувања и Политичка филозофија на Инстититот за општествени и хуманистички истражувања "Евро-Балкан" – Скопје. Д-р Караџов, неколку години, бил ангажиран и како предавач во меѓународната образовна програма Art for Advocacy во организација на американската фондација IDEA во областа на општествено ангажираната уметност и стрип-културата.
Контакт

Борис Николевски

Надворешен соработник
Дипломиран правник и магистер по меѓународни односи и дипломатија на Високата школа за меѓ. односи и дипломатија „Даг Хамарскјолд„, Универзитетот „Либертас„ и претприемач од Загреб, Република Хрватска. Од 2014. година е активен во академскиот и невладин сектор, земајќи учество на многубројни национални и меѓународни настани, конференции и проекти од кои најзначајни се ЕСФЛ ТОП 100 во Гумерсбах, Регионалните конференции на Студенти за слобода низ Европа, Американска надворешна политика и дипломатска практика (Амбасада на САД, Загреб), ЕУ стандарди на Балканот (ЕУлеад и Жан Моне проект). Автор е на колумни, анализи, научни трудови, а во фокусот на изучување му се меѓународните и дипломатски односи, преговарањето, геополитиката, одржливиот развој, како и меѓународните текови на капитал.
Контакт

Ѓорѓи Димитров

Графички и брендинг соработник
Графички и веб дизајнер по професија. Со повеќе од 10 години искуство, има соработувано со голем број на фирми, организации и поединци. Обемот на завршени проекти е многу голем и дел може да се погледнe на https://99designs.com/profiles/exsenz. Освен со дизјан се знанимава и со сликарство и философија. По убедувања e хуманист и натуралист и од таму произлегува принципот дека слободата и разумот се основа за моралноста и знаењето кај луѓето.
Контакт

Кристина Ставревска

Координатор за логистика
Кристина Ставревска е студент на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ - отсек психологија. Во моментов е активна како локален координатор на студентската група Студенти за слобода - Македонија, во склоп на европската мрежа “Students For Liberty”, и е дел од тимот на Либертаниа. Досега има учествувано на ,,Втората регионална конференција на Европски студенти за слобода - 2018”, како и на ,,Школите за објективизам - Џон Галт” и ,,Школата за анти-авторитарни студии - Стив Наумов”, двете студентски конференции ,,Ayn Rand Con”, ,,Liberty Con 2020”, слободарски вечери, а во февруари 2020 ја организираше нејзината прва конференција - ,,Вовед во слободарство”.
Контакт

Илија Васиљески

Блогер
Студент на Економски факултет при УКИМ, Скопје. Неговите интереси вклучуваат економија, историја на економија, философија и либертаријанизмот како политичко-економска теорија. Меѓу највлијателните фигури во однос на либертаријанизмот ги издвојува Џон Лок, Адам Смит, Дејвид Хјум, а од современите, Фредерик Бастиат, Лудвиг фон Мисес и Фридрих Хаек. Хоби му е гледање на формула 1.
Контакт

Теодора Спировска

Блогер
Теодора Спировска дипломира и магистрира на Правниот факултет при Универзитет Св. Климент Охридски во Битола. Нејзин интерес се авторитарните режими и политики во Европа.
Контакт

Никола Стојчевски

Блогер
Никола Стојчевски е роден 1990 година во Битола. Основно и средно образование завршува во својот роден град. Има завршено стоматолошки факултет при ЕУРМ во Скопје, Република Македонија. Одлично го познава англискиот јазик. Аматерски игра шах.
Контакт