Оние кои не читаат редовно забележале дека честопати Симон Саревски разговара со експерти од слободарските води на различни теми. Во исто време, презаситени од подкасти, одлучивме да пробаме нешто ново – да направиме нешто што ниту ќе биде подкаст, ниту интервју, ниту пак шоу за готвење (сепак, никој од нас не е професионален готвач), туку мешавина од трите. Па така, додека готвиме, со нашите гости ќе разговараме за слободарски теми на кои тие се експерти, анегдоти од нивните животи, храна, музика, култура и многу други работи.
Првите две епизоди, кои се дел од проект поддржан од страна на Freedom Philanthropic Trust како награда за освеоно второ место на Dragon’s Den Competition 2022 организиран од страна на European Resource Bank, се веќе снимени и ќе бидат објавени на YouTube наскоро, во Февруари.
Во првата епизода ќе можете да ги видите и чуете Александар Кокотович од Consumer Choice Center и Петар Чекеревац од Либек каде што се зборува за технологија и секако крипто, Отворен Балкан, ситуацијата во Србија во последните девет месци и секако ајвар, туршија и ракија.
Во втората епизода гостува Исидора Колар од Ayn Rand Center Europe каде што се разговара аа филозофија и објективизмот, Џордан Питерсон и проектите на ARCE. А за да дознаете што се готвеше ќе мора да ги погледнете епизодите.
Во третата епизода која ќе биде објавена во март гостува Скот Нелсон од Hayek Institut каде што се разговара за Цицеро, политичката филозофија во антиката, каде се одразила истата во 18-от век (и денес) во уставот на САД, различниот (или сличниот пак) начин на перцепирање на слободата низ различните ери на нашето постоење, итн.