Nikola G Petrovski

Животот на Ејн Ренд и Американскиот сон


После првата сесија и воведното предавање на проф. д-р Бошко Караџов со наслов: Вовед во Објективизам и Филозофија, на 1 ноември се одржа и второто предавање од Никола Г. Петровски за животот на Ејн Ренд и нејзиното заминување од Русија во потрага по Американскиот сон. Во своето предавање Петровски зборуваше повеќе околу животот на Ејн Ранд, нејзиниот живот во Русија и соочувањето со револуцијата во тинејџерските години, потоа преселувањето во Америка, како и нејзината авторска слава и кругот во кој се ширеше нејзиното учење.

Школата продолжува со третата сесија на 8-ми ноември каде на учесниците ќе им се обрати Симон Саревски со предавањето „Филозофијата и слободата во поп културата“.

Школата како неформална академска образовна програма има за цел запознавање на македонската стручна и општа јавност со филозофските идеи и книжевните дела на руско-американската писателка и филозоф Eјн Ренд (анг. Ayn Rand). Истата предвидува 8 (осум) сесии во кои дваесетина селектирани учесници ќе се запознаат со нејзините филозофски концепти, социјални вредности, идеали и книжевни остварувања со цел актуализација на вредностите на индивидуализмот и слободата во македонското општество и култура.